Се работи за извесна Николина Радуновиќ од Црна Гора која напиша статус на Фејсбук кој се рашири како оган по порталите.
Во 2000-та година, додека Михајловиќ бил член на Лацио, на Николина и платил операција на срце. И покрај тоа што се поминати две децении, таа не може да му го заборави тоа и се отвори целосно кога прочита дека Синиша е болен од леукемија.
„Утро, 13 јули 2019-та година...Првата вест која ја читам е поврзана за Синиша Михајловиќ. Велат дека е болен и дека се бори за живот. Мојот Синиша? Синиша чија фотографија го покрива екранот на мојот телефон? Тој Синиша, Михајловиќ Синиша – човек, фудбалер, патриот, хуманист, татко, маж и величина во секој поглед.
Пред 19 години ми го спаси животот. Ми овозможи да бидам тоа што сум сега, да го живеам животот, да одам по патеките по кои патувам, да чувствувам, да сакам, а тебе можеби најмногу те сакам.
Би сакала да можам да ти помогнам, како што ти на мене ми помогна. Би сакала да можам да ти дојдам во посета, како што ти го стори тоа. Но не можам. Мојата единствена помош ќе биде во молитвата за уште една твоја победа. Ќе се молам на Бога во кој и двајцата веруваме, надевајќи се дека нема да се откаже од твојата милост. Дека нема да ја заборави твојата великодушност и дека ќе ти подаде рака исто како што ти им подаде на илјадници луѓе.
Миха легендо, Миха кралу, Миха...
Бори се. Издржи. Ќе победиш.