Минатата сезона во турската Супер лига Трабзонспор заврши на четвртото место и обезбеди пласман во Европа.
Овој клуб со илјадници навивачи зад себе, ја имаше најтрогателната промоција на новите домашни и гостински дресови.
Во промотивното видео за третиот комплет дресови на Трабзонспор се зборува само на турски но сè е многу јасно: мали деца во село играат фудбал во дресови од Трабзон, а едно друго седи на страна и тажно ги гледа зошто нема дрес.
Мајка му кога видела дека синот не игра без дрес, решила да го израдува.
Coğrafyamızın geleneksel dokuma bezi “keşan” motiflerini formamıza gururla işledik! Çünkü bize ait olan ve bizden kıldığımız her zaman en güzelidir. 😊 Biliyoruz ki #yanyana durursak #bizbize yeteriz!
— Trabzonspor Kulübü (@Trabzonspor) July 19, 2019
Gri formamız, yarın öğleden sonra TS Club’lar ve online mağazamızda! ❤💙 pic.twitter.com/NoKaiIfXQt
А омилен фудбалер на малиот и на многу навивачи на Трабзон е Абдулкадир Омур - еден од лидерите на екипата. Тој има 20 години но веќе го бараат големи клубови како Арсенал, Атлетико Мадрид и Ливерпул. Во сезоната 2018/2019, Абдулкадир постигнал 5 гола, имал 9 асистенции и му помогнал на Трабзон да заврши четврти.
Опремата за Трабзонспор ја произведува италијанската компанија Macron која минатата година го обнови своето лого и сега наместо натписот стои само фигура на човек со кренати раце во вис (брендот го нарекува ова лого „Херојски грб“). Ова ново лого се наоѓа на новите дресови на Трабзонспор.
На слична тематика неодамна оскаровско видео промовираше и авиокомпанијата Turkish Airlines: