Фриленсерот Питер Седон барал документација за поранешен фудбалер на Дерби Каунти и Англија кој настапувал од 1891-ва до 1914-та година.
Но за време за неговото истражување во библиотеката за локални студии во Дерби, пронашол фотографија на стар весник посветен на фудбалот по име Дербишир Фудбал Експрес.
Се работи за фотка која датира од 4 март, 1876-та година, а на неа можат со имиња да се забележат 10 англиски репрезентативци и еден судија пред натпревар против Шкотска, инаку петти меѓународен натпревар на Англија.
Фотографијата на весникот им ја дал играч на тој состав, Едгар Филд во 1926-та година.
„Тоа беше огромно парче среќа кое го најдов. Барав статии за Дерби Каунти и англиската ѕвезда Стив Блумер, но се случи да налетам на слика од 1876-та година. Тоа беше како да барам игла во сено, бидејќи во библиотеката има толку богата архива, што е многу лесно да се пропушти вакво нешто“, вели Питер Седон.
Инаку англискиот фудбал не датира од тогаш. Најстариот фудбалски клуб во светот е Шефилд, кој во моментов е дел од пониските англиски дивизии, а формиран е во 1857-ма година.
Најстаро фудбалско натпреварување, исто така во светот е ФА купот кој се игра од 1871-ва година. Знаете кој го има освоено најмногу пати? Арсенал, кој има 13 трофеи.