Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Нејмар рекреативно

Трофејниот бразилски клуб Сантос од каде потекнаа Пеле и Нејмар, води грчевита борба за опстанок во тамошната прва лига Серија А. Сантос е само едно место над зоната која води во втора лига, со 36 бода, 1 повеќе од Виторија. Синоќа го победија Палмеирас со гол во 90+1' минута а Нејмар пак се глупирал.

А на Македонија и дале ли гол?

Налетавме на фото приказ, каде стојат по шест репрезентации, на кои четворицава господа им дале најмногу голови во кариерата. Во однос на шегата од насловот, само Кејн ја затресол мрежата на Македонија, два пати, а Левандовски и Роналдо играле по два пати, ама не биле стрелци. Ниту па Халанд, ама тој не ни играл против нас.

Луд гол на голман со ножички во Франција

Во раната фаза од Купот на Франција играат малку познати нисколигаши. Ама таму е правиот фудбал, оној мераклиски за ќејф на гледачите. На дуелот меѓу АС Витре и Плуворн, гостинскиот голман Орелијан Дениел го израмнил резултатот на 1-1 во длабоко судиско продолжение со еврогол од ножички. После на пенали одбранил два пенали и со вкупен резултат 4:3 го исфрлиле Витре од Купот на Франција. Филмска приказна.

Мурињо ги донел младите деца на тренинг со прв тим

Легендарниот португалски тренер ја води Бенфика. Таму во последно време покажува каков благороден човек е. Често одел во менза во академијата да појадува со младите фудбалери а сега истите ги довел и на тренинг на првиот тим. Да гледаат како тренираат постарите.

Најинтересните моменти од дербито во Подгорица

Го носи епитетот дерби, поради она балканското, како две екс ју земји, но не и според квалитетот. Но, сепак Црногорците и покрај тоа што завршија претпоследни, зад Фарски Острови и само пред Гибралтар, пружија силен отпор. Водеа 2:0 после 17 минути игра, но загубија 2:3. Ги издвојуваме головите на Крстовиќ и Влашиќ, како и одбраната на Ливаковиќ на крај.

Норвешка слави, 50.000 луѓе ги пречекаа хероите

Селекцијата на Норвешка прави кам бек на Светско после пауза од 28 години. На тој Мундијал во Франција 1998 стигнаа до осминафинале, а претходно имаат уште две учества: 1994 и 1938. Четвртиот пласман го прославија со фешта. Халанд и другарите имаа голем пречек во Осло.

Витиња и Жоао Невес во епизодата „без да тапне“

Соиграчи во ПСЖ, другари во репрезентација. Плус млади. Забавата на загревање оди вака:

Можните противници на Македонија во бараж, во случај Велс да победи

Ситно броиме до последната квалификациска битка, по која ќе биде јасно кои ривали да ги очекуваме на ждрепката. Италија е повторно опција.

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер поразен, промашен шут за продолжение

Во дербито на вечерта Чикаго Булс го совлада Денвер Нагетс 130:137. Никола Јокиќ имаше шут за продолжение но го промаши.

Германците со 6:0 одат на Светско

Во директен дуел за пласман на Светско првенство, пред преполни трибини на Ред Бул Арена во Лајпциг, Германија до врв ја наполни мрежата на Словачка и обезбеди сигурен пласман на Светско 2026.

Срамни скандирања на хрватски навивачи во Подгорица на кои им застанал саатот во 90-ти

Хрватска ја совлада Црна Гора со пресврт од 2:0, 2:3, во меч без резултатско значење, бидејќи Хрватите се математички први во група, а Црногорците претпоследни. Гостинските навивачи ја упропастија атмосферата.

Импресионираноста на Мициќ од Дурант, со кој побарал да оди на тренинг во 8 сабајле

Василије Мициќ и Кевин Дурент на почетокот од годинава, беа неколку месеци соиграчи во Феникс. И покрај тоа што е ѕвезда и е пред крај на кариера со 37 години, Американецот одел прв на тренинг и работел со посебен фокус.

Интересна паралела на Саво Милошевиќ за фудбалот со шах

Прославениот српски центарфор, кој најдолго играше во Ла Лига, а заигра и во Премиер лига и Серија А, дава кусо објаснување за тоа колку уствари е компликувана фудбалската игра, која некој ја сметаа за проста.

Фудбалери се судрија со специјалци во Аргентина

Во полуфинале на аргентинската втора лига Депортиво Мадрин со 1-0 го совладал Депортиво Морон и направил голем чекор кон враќање во прва лига Примера Дивизион. По натпреварот играчите на двата тима се степале а ескалирал и судир со специјалната единица која интервенирала на теренот.

Како Синер го среди Алкараз за 135 минути

Во финалето на АТП завршниот турнир на годината во Торино, Италијанецот Јаник Синер го совлада Карлос Алкараз со 2-0 по сетови: 7:6, 7:5. Синер на тој начин ја круниса годината во која освои две Грен слем титули и се враќа на првата позиција каде досега беше токму Алкараз. Ова беше нивен 16-ти меѓусебен дуел и во моментов Алкараз води 10:6 во триумфи. За Синер ова беше 24-та титула во кариерата.

Делириум на аеродромот во Даблин

Ирците се хит во завршницата од мундијалските квалификации и јунаци. Во последните две кола ја добија Португалија дома, па Унгарија на гости. Тоа се 6 бода, кои им беа потребни за бараж за СП 2026. Погледнете што се случуваше во паб на аеродромот во Даблин. Не им се веруваше.

Шансата на Собослаи вредна мундијалски бараж

Унгарците долго ќе жалат за пропуштената шанса да играат бараж. На Светско не биле од Мексико 86-та. Им требаше само реми со Република Ирска од која загубија со гол во 96-та. На 5 минути до крајот, Собослаи пропушти голема прилика за гол.

„Ни правеа некои ритуали, магии, нешто како да имаше околу нас на пеналите“

ДР Конго и Нигерија одиграа натпревар кој го одлучи патникот во меѓуконтиненталниот бараж за Светско првенство. По нерешениот резултат 1-1 во основното време и продолженијата, се премина на пенали а таму домаќинот ДР Конго славеше 4:3. Селекторот на Нигерија Ерик Шелие изнел чудни обвинувања на сметки на Конгоанците.

Историските 4 гола на Норвешка со норвешки коментатор

Италија за првпат од далечната 1983-та година изгубила домашен натпревар со најмалку 3 примени гола, а за првпат по 1955-та примила 4 гола дома. Тоа им го приредија Норвешка со Ерлинг Халанд и другарите кои одиграа маестрални квалификации и конечно после цели 28 години ќе играат на Светско првенство! Италија - Норвешка 1-4. Слушајте го норвешкиот коментатор на државната телевизија.

Јунакот на Ирска кој за 72 часа даде 5 тола

Мундијалските квалификации донесоа драма и пол во групата Ф, каде Ирска покажа дека нема отпишани, се додека постојат шанси. Аеродромот во Даблин за момент го прекрстија во Трој Парот.

Потоп на Италија каков што не се памети, Норвешка и Халанд им дадоа 4

Пред полни трибини на „Сан Сиро“ Италија предводена од Џенаро Гатузо изгуби 1-4 од лидерот на табела Норвешка која оди на Светско првенство првпат после 1998-ма во голем стил. Аѕурите сега се во баражот каде е и Македонија.

Унгарија е во шок, остана без бараж во 96-та минута

Најдраматичната завршница во мундијалските квалификации се случи во Ф групата. Отпишаната Ирска, ја разби теоријата дека во фудбалот секогаш победуваат фаворитите.

Маестрална партија на Лука Дончиќ

Во најинтересниот натпревар на вечерта во НБА, ЛА Лејкерс го растурија Милвоки Бакс 119:95 во уште еден дуел кој го обележа Лука Дончиќ со врвен настап.

Најнамерниот енац во историјата на фудбалот

Фудбалерка на Бодо Глимт, го изведе најдиректното и најнамерното играње со рака што сме го виделе, на натпревар од норвешката лига. Каква божја рака, типкава во Гордана Нацева се претвори.