Кралот е жив: Реал Мадрид се спаси со гол во 90+4' минута

„Кралевите“ на ова незгодно гостување кај Селта Виго дојдоа без 10 повредени и суспендирани првотимци па тренерот Арбелоа поведе 7 младинци со екипата. Орелијан Чуамени го донесе Реал Мадрид во водство против Селта на гости во 11' минута а Борха Иглесијас израмни на 1-1 во 25' минута. На крајот во 90+4' минута Федерико Валверде постигна победнички гол за 1-2 и Реал Мадрид се врати на само -1 од лидерот Барселона која има и натпревар помалку.

Реал Мадрид против Селта Виго играше без Килијан Мбапе, Џуд Белингем, Камавинга, Родриго, Едер Милитао, Давид Алаба, Дин Хујсен, Франко Мастантуоно, Дани Себаљос и Алваро Карерас но на крајот забележа злато вредна победа која го држи во игра за шампионската титула.

Барселона вечерва од 21 часот игра на тешкото гостување кај Атлетик Билбао на гости на „Сан Мамеш“.

Standings provided by Sofascore

 

 

7 март 2026 - 08:31