Хулигани во Германија му исклучија ВАР од кабел на судијата

За време на натпреварот меѓу Минстер и Херта Берлин во германската втора лига, пред крајот на првиот дел главниот судија Феликс Бикел тргнал кон ВАР мониторот да провери дали имало пенал по прекршокот на играчот на Минстер Нико Кулис над фудбалерот на Херта Михаел Косанс. Но додека гледал екранот наеднаш станал црн. Двајца маскирани навивачи дотрчале до мониторот и го извадиле кабелот од штекер.

Главниот судија чекал околу минута мониторот повторно да се вклучи а на крај одлуката им ја препуштил на видео асистентката во ВАР центарот во Келн, Катрин Рафалски. После преку разглас објаснил:

„Го проверивме можниот прекршок во казнен простор и мојата колешка Катрин Рафалски утврди дека бројот 24 од Минстер јасно го удрил Кусансе по нога па затоа мојата конечна одлука е: единаестерец“.

За тоа време на навивачката трибина кај Минстер била крената парола со натпис: „ИСКЛУЧЕТЕ ГО ВАР“.

9 март 2026 - 11:33