Offside

„Секако, конструктивна дискусија за одлуките (судиски) секогаш ќе бидат дел од фудбалот, но неосновани обвинувања немаат место во нашиот спорт. Никој не може да го доведе во прашање интегритетот на судиите на Светското првенство“.

Последната судиска свирка и лудницата

Човекот кој без ниту еден приговор прифати клубот да не направи ниеден трансфер од јануари 2018 и со ист состав да игра на 4 фронта. Секогаш пристоен во односот со колегите, со играчите, со навивачите. Маурицио Почетино заслужи да игра финале.

Главата горе момци, фантастични бевте

Додека Тотенхем слави по синоќешното лудило од кое и ние ко неутрални навивачи не можеше да се опоравиме севкупно од оваа ненормална полуфинална фаза, Ајакс стокми феноменално мотивирачко видео за своите херои кои никој не очекуваше дека ќе стасаат до тука. Секунди ги делеа од сензационално финале.

Колку емотивен момент за јунакот на Тотенхем

Ajaкс ги исфрла Реал и Јуве од ЛШ. Ти доаѓаат дома во полуфинале, те победуваат 0:1 и мислиш дека работата е готова. Потоа им одиш на гости, те водат 2:0 на полувреме, а ти во второ ги прскаш во фаца со хет-трик, третиот гол во 95-та минута.

Последните 15 хичкок минути преку трите најзрели шанси

По драмата и чудесниот пресврт на Ливерпул, уште една англиска екипа се погрижи за зголемена продажба на алкохол, ама и дијазепами. Трудна жена во осми месец ќе се породи на вакви полуфиналиња. Луксуз е да трепка човек.

Што е со полуфиналињава луѓе? Ова е штетно по срце

Бајката наречена Ајакс стигна до финишот на најелитното клупско европско натпреварување каде ќе игра против Ливерпул на 1 јуни во Мадрид. Тадиќ и компанија овој пат не беа доминантни, туку во драматична завршница спасија г`з. Тотенхем од 2:0 стигна до 2:2 во второ полувреме и сигурно ќе жали, бидејќи беше многу блиску до трет гол вреден финале.

Дајте му две карти за финале на детето што собира топки

Фудбалската критика денеска е целосно насочена кон величање на Клоп и неговите херои кои со лудачки 4:0 ја попарија големата Барселона. Топ тема е четвртиот гол со кој Арнолд од корнер ја измами цела одбрана на Барселона. За тоа доби помош без која немаше да успее.

Мистичната табла во тунелот на Енфилд која го чува Ливерпул

На прв муабет мислиш дека е многу голема и дека се гледа од секаде, но не е баш така. А домашните фудбалери обично мислат дека им носи среќа, иако Клоп им забранил да ја допираат додека не освојат нешто. Само Хендо смее.

Црковно навивачка изведба на химната на Келн

Нов бундеслигаш следна сезона ќе биде Келн кој направи експресен кам бек во прва лига. Кога ланска сезона се крена завесата во Бундеслига, навивачите добија покана од келнската катедрала да дојдат на екуменска средба. На крајот на церемонијата претседател на клубот Вернер Спинер ги анимираше навивачите да ја изведат химната на Келн. Прекрасно.

4 сезони, 3 европски финалиња - господин Јирген Клоп

Генерацијата фудбалери на Ливерпул што ја предводи Јирген Клоп дефинитивно стана историска и ќе се памети уште долго. Германскиот стручњак од година во година прави неверојатни нешта со „црвените“.

Одличен коментар на Мурињо за овој Ливерпул

Специјалниот знае да се занесува пред камери, да не се смее, ама кога ќе реши да е сериозен дава одлична стручна анализа. Муабетов за подвигот на Ливерпул му е едноставен, ама ептен на место. Од збор до збор е во право.

Каква коинциденција, Ливерпул во исти минути дал голови и во Истанбул

Чудото кое фудбалерите на Ливерпул го направија во таа 2005-та година кога на полувреме губеа 0-3 од Милан, во второ израмнија 3-3 и на крај славеа на пенали, ден-денес останува еден од најголемите пресврти во историјата. А верувале или не, синоќа Вајналдум двата гола ги даде во 54’ и 56’ минута, буквално во исто време кога и Џерард и Шмицер во Истанбул против Италијанците.

Фото на денот

По ланскиот кошмар во Рим кога Рома ги прегази со 3:0 и надомести негатива од 4-1, никој жив навивач на Барселона не верувал дека на реваншот со Ливерпул може да ги снајде потоп. При 4:0 во финишот, Меси стоеше во неверица што се случи.

Што автогол ќе беше ова?

Најсмешното, најчудното, најлошото и најнелогичното боксување се случи во Копа Либертадорес на мечот Алианца Лима од Перу против Палестино од Чиле. Топкава ја снема од стадион и потоа влезе во гол со помош на пацерската интервенција на голманот.

Дури и железниот Милнер заплака

Еден од најголемите борци во англискиот фудбал, репрезентативец и неверојатен фајтер Џејмс Милнер синоќа не можеше да ги додржи емоциите и се расплака како мало дете. Легенда.

И ти ко Роналдо а?

И по поразот од Атлетико и по елиминацијата од Ајакс, Кристијано Роналдо ги одјеба новинарите во микс зоната каде играчите имаат обврска да дадат изјава. Во негов стил синоќа настапи и Меси.

Андрес Иниеста Вајналдум

Дојдете ми двајца, па и тројца им рече синоќа на Каталонците еден од јунаците на Ливерпул. Холанѓанецот Вајналдум освен што ги шокираше со два комада на почеток на второ, во средина им направи потег над потезите.

Така типично од расипаниот Суарез

Ветуваше неколку часа пред мечот дека ако даде гол нема да се радува на „Енфилд“ каде играше со години и го сакаа како свој. Изјави како многу му е мило што се враќа на местото каде се прослави и уште многу дрн-дрн јариња. А како се однесуваше на „Камп Ноу“ каде глумеше, иритираше и вршеше притисок за жолти картони на противниците, таков беше и на „Енфилд Роуд“.

Срамотилаци е да примиш ваков гол од корнер во ЛШ

Барселона вечерва не само што имаше блекаут и во само две минути во 54-та и 56-та прими два гола, туку при резултат со кој ќе се играа продолженија се посрамоти во одбрана со никаква организација и концентрација. 20 годишниот Александар Арнолд ги испозаеба за сите пари.

Ливерпул не си нормален што направи

Сè што вечерва не очекувавте дека може да и се случи на Барселона, фудбалерите на Ливерпул успеаа да го изрежираат. Во фудбалот не постојат чуда, туку лудачки пресврти. Барса - Ливерпул 3:0. Ливерпул - Барса 4:0. Два меча се, тоа е тоа.

Поделете два трофеи во Премиер лига

Манчестер Сити и Ливерпул се толку јаки и ефикасни сезонава, што навистина ќе биде некако нефер што едниот нема да може да освои титула. На овие две екипи толку добро им оди што стигнаа до еден историски рекорд до сега невиден во 120 години прволигашки фудбал на островот.

Го напушти стадионот кога падна голот вреден речиси за титула

Што сè нема да улови човек во денешно време со камери, телефони, таблети. Сити - Лестер вчера беше мртва 70 минути, ама затоа во тој момент напаѓачите добија помош од одбраната. Компани ја офука душмански во агол за конечни 1:0, а еден навивач тогаш напушти. кој знае зошто. 

Какво дерби, пушти си порно

За време на вечното градско дерби кое овојпат убедливо им припадна на Аеродромци, еден возрасен човек најде подобра занимација.