
„Сокол“ е турнир кој се одржува во сеќавање на еден од основачите и водачите на навивачката група „Комити Скопје“, Оливер Соколов - Сокол кој на 18 август 1994 година трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.
Турнирот кој е синоним за маалска дружба и цели 16 години во овој период од годината ги полнеше трибините на фудбалскиот терен при О.У „Христијан Тодоровски Карпош“, започнува на 1 септември 2019. Амбиција на организаторите е овој настан да поприми меѓународен карактер
„Сокол“ е турнир кој од година во година обединува различни генерации, го слави маалскиот дух и спојува култури, вери и различна етничка припадност преку фудбалот.
Седумнаесетото издание на турнирот ќе донесе и досега рекорден награден фонд од 700.000 денари. Пријавувањето на екипите е до 28 август (среда) на телефоните 077/655-699 и 077/655-988.