Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Можеше да ја открие Америка...

...да не му беше поважно да си ги види родителите.

Сè е до аголот

Куќа огласена за продажба. Со огромен базен пред неа. Ако ја купите, се бањате во помал. Имајте го ова на ум кога гледате/читате вести.

Кој тоа таму носи закони?

Не дека ние немаме вонсериски цепаници од законодавци, ама, ќе си рече човек, американски сенатор мора да е од друг калибар. Е па, не правете си Бајрам со умот.

Кога Слеш ќе преземе кафана

Како ова го имаме пропуштено/ заборавено? Барем ќе знаевме дека дел од причините за смртта на Мајкл Џексон биле на нервна база.

- Земја, како е? - Еве, се загревам.

Добра вест е што 2012-та не беше најтоплата досега (испадна деветта), но правецот во кој оди планетата е сосема јасен. Да си пуштиме видео од една минута?

Потрошувачки импулси

Една од корисните нуспојави на фактот дека PayPal никако да дојде во Македонија е што интернетот врие од супер згодни и супер непотребни измислици и производи кои се така фино смислени што некогаш не можете да им одолеете.

Графички ужасни клиенти

Разликата меѓу графичките дизајнери и останатите професии, е што ако им се падне глуп клиент тие секогаш знаат како визуелно да му доловат колку е глуп. Еве колекција на трудови на оваа тема, од група напнати дизајнери.

Професионалец

Како изгледа една пладневна семејна емисија во Саудиска Арабија на тема, запознавање интересни професии и луѓе кои ги обавуваат. Со прашања од типот: а им давате ли претходно анестезија? Ви се гледа или не, пресечете сами.

Што е тоа?

Видеово е ужас. Ако некогаш сте им викнале на вашиот дедо / баба / мајка / татко, ни под разно да не помислите да го изгледате, бидејќи веројатно нема да има друг момент во животот кога ќе се чувствувате барем приближно глупо.

Ова не е Блејд Ранер

Неколку пати имаме споменато за смогот и Пекинг. Пред една недела градските власти објавија дека нивото на загадување со смог во градот за прв пат во историјата го достигнало "портокаловото" ниво. Пред некој ден се појави оваа фотографија од смогот во градот. Како копија од Блејд Ранер.

Зборувај ни за нас, плава Циганко

Иако дел од запамтеното нам може да ни изгледа банално, а дел прилично чудно (секаде се пуши?), супер е да се читне како изгледаме некому кој не е оптоварен со милион детали кои ние си ги знаеме за нас. Една блогерка, после шпартањето низ Македонија, одвоила 15 работи кои странец треба да ги знае за оваа земја, природа, луѓе и останато.

Скијачки изум

Намерата е добра, за изумот не сме сигурни дали ќе функционира ама инвенторот, да е паметен, ќе му ја препушти презентацијата на некој кој има барем ронка харизма.

Вештина на добивање ретвит

Најважно, твитајте од 12 до 14 часот. Тогаш е гужвата.

Тестирање доверба

Интернетот е полн со клипови во кои другарчиња си ја тестираат меѓусебната доверба, дека другиот ќе те држи кога ќе паднеш слободно. Па главно едниот зезнува работа и онда е тоа смешно. И овде еден зезнува работа, ама комплетно поинаку.

Човечки рак на планетарните дробови

Таа на човекот му дава 20 проценти од светскиот кислород. Дом е на 30 проценти од познатите видови птици и на вкупно 10 милиони видови растенија, инсекти и животни. Преку 3.000 видови растенија се хранливи. Човекот во изминатава деценија ѝ го има направено ова.

Сакаме попис. Точка.

Бидејќи ние од рамковни причини се плашиме да се попишеме, можеме само да замислуваме како би изгледала една ваква пописна мапа на Македонија.

Така говореше Ленс

"Ова е мое тело, можам со него да правам што сакам," вели Ленс Армстронг. И ние сега добро знаеме дека е така. Само што во 2001-ва, за реклама на Најк, смислата била поинаква. Морничаво е колку убедливо можат да звучат лагите. 

Инаугурален мешап

Спроти втората инаугурација на Барак Обама, фино склопено видео упатство со 11 точки кои треба да ги содржи секој ваков говор. Навежбајте ги и онака, по пижами, пред неделниот ручек, обратете им се на домашните.

"Рачната" што може да го сопре светот

Волво има некој систем што се вика Collision Warning, кој автоматски ја крева рачната кочница. Уште една работа, системот е за шлепери и кога го пробуваат треба да закочи од отприлика десетина метри. Еве како функционира.

Патот е песна

Ви текнува како свират автомобилските гуми на патот Скопје - Тетово? Факт поради кој доста скопски вулканизери се омрсија "поправајќи" ја непостоечката штета на тркалата, Е па исто и во Јапонија, само што кај нив можеш и терца да фаќаш. Ги замислувате дежурните во Македонија пат кога им пријавувате дека дел од патот им е фалш?

Руско ВМРО

Уште не ни стивнаа редакциските полемики која од трите патнички е прва да ја грабнеш и бегаш, тројца руски црепови решија да снимат контра спот и да ни ја одмилат идејата за бирање сопатник од руска кола.

Да се воведат дозволи за твитање

Да не излезе дека ние го кажуваме, еве неколку работи околу Твитер што сака да ви ги порача Тина Феј.