
Еден од првите скандинавски жители на Исланд се викал Барди Херјолфсон. Тој имал син Херјолф Бардарсон. А тој пак имал син кој се викал Бјарни Херјолфсон (има логика, не дека нема).
Еден ден, додека најмалиот бил отпловен на долг пат, татко му решава (исто како неговиот татко пред него) да заживее на нова територија. Тој и сопругата му се придружуваат на Црвениот Ерик и неговиот брод и стигнуваат на Гренланд каде што прават нов дом.
Кога Бјарни се вратил од патот на својот Исланд, видел дека татко му ја продал земјата и заминал. Одбил дури и да го растовари бродот и на посадата им рекол дека сака зимата да ја мина како и секогаш, со своите родители.
Тргнале на пат, без мапи, само со усни инструкции од локалци кои биле на таков пат.
По неколку дена на отворено море, бродот на Бјарни тотално се изгубил. Талкале по маглата без посебна идеја каде одат кога по неколку дена за првпат виделе копно. Но, изгледало поинаку од она што го имале како претстава за Гренланд. Бјарни наредил да се продолжи бидејќи таму не се неговите родители. Вкупно три пати наидувале на различни копна на кои капетанот Бјарни не сакал да застане, решен да ги најде своите родители.
Дури четвртото копно одговарало на описот па бродот застанал, и тоа точно на местото кое било новиот дом на неговите родители. Бјарни решава да се откаже од морепловството и до крајот на животот се скрасува со своите родители.
Од зачуваните белешки и дневници, историчарите утврдиле дека оние три "погрешни" копна биле Канада (и тоа точно Њуфаундленд, Лабрадор и камените острови Бафин).
Подоцна, синот на Црвениот Ерик, Леиф Ериксон, ја слуша приказната за патешествието на Бјарни, оди кај него за да му раскаже, зема брод со 35 луѓе и тргнува на пат.
Од тогаш, Леиф Ериксон е познат како првиот Европеец кој стапнува на тлото на Северна Америка.
И пазете, ова се случува 500 години пред Колумбо.