ХИДРАТАНТНИ ФАРМЕРКИ
Текстилот е импрегниран со фини масла кои ја освежувале кожата. Во три варијанти, со алое вера за чувствителна кожа, со екстракт од маслинки за сува и Smooth Legs за намалување целулит. За 134 долари ги има Asos. Небитно, моделот на фотката е ќерката на Мик Џегер.
ЧИНИЈА ПРОТИВ ОСАМЕНОСТ
Пркатично, чинија со држач за смартфон, за оние кои мора да зјапаат во нешто додека јадат. Производ на MisoSoupDesign.
РАКАВИЦИ ЗА ВЉУБЕНИ
За долги и романтични прошетки на ладно време, сијамски ракавици на Smittens.
СЕЛЕКТИВНО БРИЧЕЊЕ
За оние мажи кои не сакаат да го имаат Канго под мишка ама им пречи и да бидат скроз тасма. 33 долари во JapanTrendShop.
ПОЈАС ЗА ГЛАВА
Го решава клучниот проблем што еден патник го има додека патува - клатењето на главата за време на спиењето. Не го решава проблемот на соптаниците со неговото хрчење. 39 долари во IndieGoGo.
ЗА ЗАСИЛЕНО ГАЛЕЊЕ
Практично, вибратори во напрстоци. Ако се галите, да дрма. 65 долари.
ОРИГИНАЛНО ВРЗУВАЊЕ ТОЧАК
Концепт на тројца јапонски дизајнери. Задното тркало се врзува за самото седиште. А седиштето е со бројчаник.