Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Кога Џон Ленон беше Сајмон Кауел

Во 60-тите години немаше Идол и Талент ама затоа ББЦ ја емитуваше доста популарната Џубокс жири во која четворица панелисти оценуваат нови синглови и им даваат оценка "хит" или "утка". Во една од емисиите, рецензент е Џон Ленон.

Да се запознаеме на време

Значи, да знаете, ако видите некој од наша редакција во кола и решите вака да му играте на пат, тој ќе биде дечкото во црната маица. Вие ќе бидете оној во тренерки, без разлика колку женски имате во ауто.

Реакцијата на Црвената свадба

Последната епизода од Игра на троновите беше една од најневеројатните парчиња телевизиска програма веројатно во целата историја на тв сериите. Луѓето што знеа што ќе се случува (што ги прочитале книгите) решија да ги снимаат реакциите на своите пријатели. Конан ова му го пушта на Џорџ Р. Р. Мартин.

Дени не те чува

Спојте ги проблемите кои Глоријан ги има со ритамот со меланхоличноста на Роби кога пее за Столе (плус додајте аутотјун) и го добивате дечкото кој во моментов важи за најлошиот рапер на светот, и тоа онаму кај што конкуренцијата е најголема, на Јутјуб. Се вика Дени (D4NNY) ама овој Дени не само што не те чува туку те изложува на опасност да убие секаква радост во тебе. Офкорс, симпа.

Од точка А до точка Б

Човекот го занимало каков пат проаѓа една пратка, низ колку раце минува пред да стигне до саканата адреса. Па ставил камера со тајмер во неа и еве го погледот од неговата кутија.

Треба соба во Њујорк?

Блогот на кој наидовме има само една специјалност: собира слики и информации за соби или апартмани кои се издаваат во Њујорк, по цена која човек може да си ја дозволи. Блогот се вика "Најлошата соба" па вие видете. 

Се роди патриотот во него

За време на прослава на ученичкиот оркестар на малиот му паѓа чинелата. Друго дете ќе се наведне па ќе ја земе. Тој реагира поинаку.

Како се апси во Русија

Колективно апсење на илегални имигранти во едно предградие на Москва. Штета што нема да разбереме како успеале да ги натераат да бидат волку послушни.

 

Ќерката на фотографот

Разликата меѓу обичните родители и родителите фотографи е што овие вторите уште пред да се родиш ти имаат смислено како да те "малтретираат" додека си пинцур.

Маѓепсување крстозбори

Решавање крстозбор е тешко, создавање крстозбор е мака, создавање крстозбор по американски правила (дијагонални црни коцки, без зборови од две букви...) е пекол. Ова што го прави дечкото не треба да е возможно.

Љубовен СМС тест

Како ќе реагирате доколку од саканото лице ја добиете следнава СМС порака: "Види, не бев комплетно искрен/а со тебе"? А потоа ти ќути и не одговара на повици. Ако не сакате да знаете за вас, тогаш пратете ја вие први истата порака.

Југославија во 16 mm

Југославија во 1964-та (а и во следните години), била единствена држава во Источна Европа во која американската авио-компанија Пан Ам воопшто имала линија. Уште тогаш Пан Ам ревносно работи на маркетинг и промовирање на своите дестинации. Ова е краток филм за Југославија од 1964-та. Забележете го првиот кадар и прашањето.

Пак не личиме на ништо

Креативни возуелни решенија за тоа која европска држава на што личи. Ај што нè пишале Фиром (тоа лесно се чкрта), туку што не сме сигурни што претставува Македонија.

Спин докторот од кујната

Мајката го седнува малиот да јаде. Малиот на пол позиција. Пред да почне сака да ја праша нешто. Во рок од две минути успева да се извади од јадење на вечерата, комплетно да и ги поремети сите уверувања и животни филозофии околу храната и на крај прави таа да заплаче. И сето ова му успева без ниту да писне.

Чифте, чифте, пајтонлари

Никакви посебни културни и забавни проекти не им требаат на нашите тажни градови за да живнат. Ништо. Потребно е само ова масовно да фати замав. Пренкерсајз, уникатниот фитнес стил на Џоана Рорбек измислен уште пред 20 и нешто години, кој, според авторот, е инспириран од движењата на - параден коњ. Ѕирнете и замислете ги нашите патеки, паркови и тротоари, полни со девојки и жени излудени по оваа фитнес манија. Па има ли боље?

Фатени во Офсајд

Ван Перси и уште двајца (не знаеме до толку) им кршат кичма на деца со маалски дриблања. Техникалија: овој "спортски" клип е лоциран овде само за да им покажеме на дечките од Офсајд дека можеме да бидеме побрзи од нив (додуша, по десетици неуспешни обиди). До Јумбо: стандардно, 100 пива и 200 кебапи, фала лепо. Редакцијата.

Збогум ривиера

Пред пакувањето на гламурот од Кан, фотографот Фабрис Дал'анесе ги фотографира некои од најголемите ликови кои годинава се појавија на Канскиот фестивал.

Ментални подготовки за лето

Доаѓа летната сезона па не е лошо уште сега да се наштелуваме. Потсетување на еден супер склопен циркуларен текст на тема: Македонец на плажа.

Гласот на тивките деца

Нашите златни деца знаат да бидат брутални идиоти кон други деца. А жртвите често молчат за тоа. Каин Смит решил да не молчи. Има 11 години и долго косиче. Е добро, мајка му е лезбејка, па што?

Види ги ти прилепчани

Јебеш ти држава ако нема барем две пива кои безмилосно се тепаат на пазарот. Оваа стара мудрост во последно време махерски ја разбиваат прилепчаните од Даб. Она на јахтата така- така, латиницата на новата етикета не ни е баш по ќеиф ама последниов спот - пасент. Изработиле дечките од Футура 2/2 а спотот режисерски "мириса" на Ангел, еден наш супер дечко кој работи во Бугарија.

Нешто корисно

Овлажнувач на воздухот е една од основните работи во секоја поголема канцеларија, и никогаш не е нешто упадливо, паметно или интересно. Сè додека некому не му текна да го направи ова употребливо за широки народни маси.

Ќе зевнете ли?

Одат дечките по светов и зевааат покрај луѓе. Фасцинантно е колку е тоа заразно. Само едни двајца црнци не наседнаа. Ние наседнавме, неколкупати.

Кажи бе како го правиш?

Веројатно од магионичарскиот еснаф ги мразат ваквите колеги кои јавно ги откриваат триковите ама ние другиве едвај чекаме да сфатиме како сме прелажани. Еве еден таков трик за кој ви е потребен партнер, непотребно облечен  како нинџа.

Бегај фока, бегај!

Документарна драма за тимската работа на група китови убијци, полакомени по една јадна фока. Навистина силно пренесена приказна, со сите драмски интерпункции. За крајот нејќеме ни да зборуваме. А што убаво Холивуд ни ги завршува приказните.