
Битлси во тоа време веќе имаат пар песни кои стигнуваат на врвот на топ листите па веста дека Ленон влегува во емисијата добива голем публицитет. Брајан Епштајн ја користи ситуацијата за дополнително перчење па решава од снимање на емисијата да го одведе Ленон на следната свирка со хеликоптер.
Иако добар повод за одгледување на имиџот на Битлси како добри момчиња, Ленон во емисијата баш и не прави нови пријатели оценувајќи ги сите 9 песни кои му биле пуштени како "утка".
Еве дел од неговите мислења:
Elvis Presley, "Devil In Disguise"
Ленон: Порано бев луд по Елвис, како и сите други. Сега не. Не ми се свиѓа ова. Мразам песни со "walk" и "talk", со такви стихови, знаете, "She walks, she talks...". И не ми се свиѓа дуплиот бум-ча бум-ча ритам. Одвратно. Ги имам сите негови рани плочи и уште ги слушам надевајќи се дека ќе направи уште еден албум како тие. Но, денес Елвис звучи како Бинг Крозби.
Paul & Paula, "First Quarrel"
Ленон:Ми се свиѓаше нивниот прв албум, го сакам тоа пеење во октави- таа пее една октава повисоко од него. И не беше лошо. Вториот албум не вредеше. Го има оној "Џим момент". Сите вакви американски плочи секогаш се за некој Џим, Боби, Алфред. Не ми се бендисува.
Tom Glazer, "On Top of Spaghetti"
Ленон: Не ми се допаѓаат овие "ајде сега сите заедно" песни. Некој да прашува, друг да одговара, тоа може. Ова не.