Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Зошто овие не се на Олимпијада?

Средношколски натпревар во скок во височина (без стап) во Кенија. Да речеме дека повисокиот од двајцата што стојат од страна е висок 170 сантиметри. И сега гледајте.

Кога и редот не е безбеден

Луѓето обично налетуваат на гужва во сообраќај, дечково улета во гужва... со 200.

Ти донесов терсене невеста

Пар хајлајци од свадбата на една руска двојка која, ако овој има слаби нерви, смртта брзо ќе ги раздели. Просто, младата е бич.

Лезбејска експертиза

Како лезбејки реагираат на лезбејски порно сцени? Прилично критизерски, што е нормално со оглед на одамна познатиот факт дека лезбејските порно клипови првенствено се наменети за задоволување на машките фантазии. Еве ги реакциите на упатените во темата.

Рајли кај Стјуарт

Не постојат поиконични "архинепријатели" на американската медиумска сцена од Бил О Рајли и Џон Стјуарт, луѓето кои најдобро го претставуваат контрастот на двете (конзервативната и либералната) Америки. Па сепак, еве го првиот во емисија на вториот, за да ја промовира својата нова книга. Нормално, цело време се пржат ама сепак е милиони години понапред од овдешниот концепт во кој е најважно кој кај кого дошол во емисија и кој со тоа ја издал каузата.

Доброто против злото, според Мијазаки

Хајао Мијазаки е неповторливо легендарен режисер и аниматор на некои од најпознатите аниме филмови (Spirited away, Princess Mononoke, Nausicaa of the Valley of the Wind). Ова е неговата филозофија околу концептите на доброто и злото, и зошто кај него тие се разликуваат од "типичниот американски анимиран филм."

Ајфонот на Камерон

Познатата холивудска плавуша малку се срами ко Фиона (онаа на Шрек на која и го позајмува гласот), ама во рака држи нешто што може да ве потсети дека на времето беше еден од ангелите на Чарли.

Совети од луѓе што знаат што прават

Како правилно да сецкаш, како се прави омлет, како се прави сос од домати за шпагети, како се пече пиле, како се пече плескавица и слични клучни совети директно од Ентони Бордејн, кој на помош ги собира некои од најголемите готвачи во светот.

Мамата мамина

Човек треба да е задоволен онаму каде што се наоѓа бидејќи убавини секаде се наоѓаат. Еве, дури и на вакви места на некого му е убаво.

3Д капучино

Цртањето ливчиња или срценца во капучиното го навежбаа речиси во секој скопски кафич. Но, има еден дечко кој е многу понапред со материјалот.

Македонското Бам Фу

Не е кунг фу ама е тепачка. Меѓу двајца, тројца, четворица, на ист уред. Играта која официјално стартува денес е дело на едно холандско студио во 45 проценти сопственост на Македонец.

Родителски лаги

Компилација од форумски исповеди на тема, што сè ги лажеле нивните родители додека биле деца.

Првиот вкус

Една од ние интернет мудрости прашува: Кога последен пат сте направиле нешто за прв пат во живот? Ова е слично - кога последен пат сте вкусиле нешто за прв пат во живот? Еве некои (мали) луѓе кои ја имаат таа привилегија.

Јапонските Битлси

Од цел свет, Јапонија најдоследно ја испочитува 40 годишнината од легендарниот концерт на Битлси на врвoт на Епл на Севил Роу, во централен Лондон. Трибјут бенд со најјаки фаци на свет.

Управувајте го возот

Веројатно најлудиот гиф кој сте го виделе, барем во последно време. Гиф кој можете да го контролирате со својата мисла. Возот ќе оди во оној правец во кој вие сакате да оди. Дајте му шанса.

Клавијатурите на Дорс

"Гледајте го овој човек", рекол еднаш Џим Морисон покажувајќи кон Реј Манзарек, "тој е The Doors". Надживувајќи го 40-тина години пеачот со кого ја формираше групата, почина човекот чии клавијатури го обележаа звукот на една од најдобрите групи на сите времиња.

Швеѓанштина

Репортажа од несекојдневната и екстремна земја - Шведска. На кратко, добро е да живееш во нејзе, лошо е да си им комшија.

Спортската кола на саваната

Мала анализа на машината со чие забрзување немаат шанса ни Мекларен ни Ферари ни Ламборџини. Лесна шасија, извонредни амортизери, стабилизатор, способност за дрифтање.... едноставно, има се што ѝ треба за да го држи планетарниот рекорд последниве 10 милиони години.

Колекција позадини

Одамна не сме имале вакво нешто, ама има добра причина за тоа - одамна не сме начекале добра колекција.

ДООЕЛ Тело

Следните 50 секунди се однесуваат на следните 30 секунди.

Евровизија, со други зборови

Кратко видео резиме од македонскиот настап на Евровизија. Како што знаете, прв се претстави Влатко Лозаноски кој некако се додржа на нозе, а веднаш по него стигна и Есма.