Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Купер си ја знае маната

Таа се вика Дејзи, тој се вика Купер. И секогаш кога има сладолед, Дејзи добива прва. Со причина.

Пол Макартни дава часови по свирење

Макартни е извонреден инструменталист чија главна предност отсекогаш била што знае да го прави тоа едноставно. Имаме пар видео лекции, за бас, за акустична гитара и за сè заедно.

Како да го прочитате "Хари Потер" за 77 минути?

Бавноста на стандардното читање се должи на непотребниот пат кој го минуваат очите. Постои техника која гарантира дека ќе прочитате куп материјал кога ќе успеете движењето на окото да го сведете речиси на нула. А ние ќе ве потсетиме и на Вуди Ален.  

Речник на True Detective

Единственото оправдување ако не ја гледате серијата True Detective може да ви биде ако чекате прво да ја спукаат цела, за да ја гледате во еден здив. Најдобрата серија која моментално се врти има една префинета дејвид-линчовска мистериозност, ама - со смисла. За да не помислите дека Раст Кол и колегата само блебетаат, еден толковен речник на поими кои можат да го олеснат гледањето.

На спортот не му е гајле

"Идеолошки" е сличен на спотот на Проктер и Гембл за мајките на Параолимпијците, само што овој наместо мајки ги има луѓето што ќе се појават на Параолимпијадата во Сочи. Поентата е: "Параолимпијците не одат на Игрите затоа што сакаат да покажаат нешто во врска со својот хендикеп, тие одат затоа што сакаат да освојат медал. И ова често се заборава кога се овие Игри во прашање."

Тетовираните

Чиста монтажа, ама одлично направена. Сликите горе - долу познати, ликовите гарантирано познати и на сето ова ставено еден слој тетоважи. Ова стварно изгледа добро или ние сме премногу време на интернет?

Сè што не е во ред со вас, според експерт во Фотошоп

Водителите на Тудеј Шоу, прават групна фотка за некаква промоција и му ја даваат на нивниот човек за Фотошоп. Негова задача не е да ја поправи веднаш, туку да каже кои сè мани на прва ги гледа на фотката.

Муштеријата и неговото право

Оние што професионално се занимаваат со водење профили на социјални мрежи секојдневно се судираат со дилеми со кого треба љубезно а чии коментари си бараат пердашење или блокирање. На пример, го водите Твитер акаунтот на Домино пица и се соочувате со упорен дечко кој бара отштета затоа што си го изгорел сексајќи се со ваша пица! Наивчини, пробаа со арно... 

Како Дубиоза снимија спот за ич пари?

Дубиоза Колектив успеале да снимат "скап" спот за песната "Транзиција" за кој не потрошиле ни денар. Идејата за овој проект ја нашле во праксата на политичарите и властодршците во својата земја. 

 

Почина Пако де Лусија

На 66 години, од срцев удар, додека на плажа во Мексико си играл со децата. Имаше магични прсти кои знаеа во жиците на неговата фламенко гитара да ја разбудат Андалузија и сета нејзина страст и тага и љубов. 

Политичка фотка на денот

Еден Евреин, една Германка и случајни сенки од минатото.

Сега ќе ви пуштиме една германска реклама

Ја изгледавме неколку пати. Уште не знаеме што да мислиме за неа.

Која е најчестата рима во поп музиката?

Освен девојчиња што врeскаат по нив, оваа рима е веројатно единствената работа која е заедничка за Битлси и Џастин Бибер.

Очи сами флапат, прости ми

Ако и на ова се навлечете и заради тоа нас нè мразите, стварно не сме ние криви туку вие треба да одите на некоја бајачка. Прво авторот сам ја повлече Flappy Bird, играта која го предизвика најмасовниот love/hate однос кон една игрица кој досега е виден. После Апстор порача дека нема да ги прифаќа безбројните клонови на оваа игра. И сега, еве ја во адрес-барот, како брајова азбука.

200 години од Осмата на Бетовен

Деновиве се навршија точно 200 години откако Лудвиг Ван Бетовен ја напиша Осмата симфонија, едно од неговите најпотценети дела, меѓу другото затоа што претходи на неговиот завршен симфониски удар со Деветтата. Осмицава некои ја сметаат за брилијантна сатира, за гонзо подигрување со стандардите, за панк-рок во класиката. Кога ќе имате 25 минути за на само со Бетовен, бујрум.

Бугарски Најк за роботи

Кај и да е, роботите ќе заличат на луѓе. Штом станат такви, ќе сакаат и мода да тераат. Со таа идеја бугарскиот дизајнер Симеон Георгиев направи дизајни за патики кои ќе ги носат овие наши шминекрски пријателчиња од иднината. Концептите се базирани на сегашните модели Air Max 1 и Roshe Run.

Претседателски совети

Пред да започне македонската претседателска трка, кандидатите и нивните штабови почнуваат да се фокусираат на оние прашања кои по инерција се сметаат за битни (ЕУ, гео-стратегија, името и други терци со кои минува нашето тажно транзициско гуслање). Затоа сме тука ние да им ги прошириме хоризонтите, со помош на стариот лисец Линдон Џонсон и неговите совети за тоа што еден претседател треба секогаш да им на ум.