Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Кога син ти мисли дека те поразил

После некој период, копиљаците сфаќаат дека живеат во време кога е срамота воспитно да исплескаш сопствено дете. И ова некако го имаат протолкувано како сопствена бескрајна слободат да бидат бесни. Она што допрва треба да сфатат е дека ти си бескрајно помоќен од нив и на сите можни начини можеш да им го загорчиш животот.

Музиката од албумите со најлоши корици

Кај некои ќе се изненадите, кај некои тоа е. Како и да е некој смогнал сили да ги собере сликите од сите оние листи на најлоши корици на албуми и да побара што музика има на нив.

Час по Крафтверк

Документарец на BBC за луѓето кои се осмелија да го напуштат овој свет и да бидат првиот музички Интерстелар. Во едночасовниот омаж ќе го видите и легендарниот Holger Czukay, живи свирки на Can.... Делиција.

Револуцијата звучи исто

Музичкиот плеер на Нил Јанг беше најавуван како "револуција во слушањето музика". Бројни ѕвезди (попат пријатели на Јанг) објаснуваа дека разликата меѓу звукот на новиот Поно и старите емпетројки е драматична, дека чувството е магично, дека конечно оживеал оригиналниот звук на песните. Сето тоа помогна на Кикстартер, каде што Нил Јанг побара 800.000 долари за комерцијален развој на плеерот, да се соберат дури 6,2 милиони долари. Но, сега дојда на ред тестирањата.

Три златни правила за секс на работа

Некои работи се учат, за некои треба да си роден. Како да ѝ се пуштиш на колешка а да не го загубиш работното место и да заработиш пријава за сексуално вознемирување?

На мртов човек не му можеш ништо

Ваквиот потег е одамна познат во животинскиот свет но првпат да видиме и на човек волку брзо да му текне толку анимална реакција.

Ѕидот на насловни на Ролинг Стоун магазинот

Првото издание е на 9-ти ноември 1967-ма, и по формат е како весник. Името е трибјут на блуз песната Ролинг Стоун, бендот Ролинг Стоунс, и песната на Боб Дилан "Like a Rolling Stone." За да го издаде првиот број, сопственикот Џен Венер, од своите родители и сватовите (од идната жена, тогаш девојка) се позајмува 7.500. долари.

Рекламите од Супер Боул 2015

Како бренд ја имаш целата публика што може да ја посакаш на едно место, ама тоа ќе те чини 4,5 милиони долари за 30 секунди. Покажи што знаеш.

10 професии што не постојат денес

Не се занаети, туку повеќе усжни дејности кои заради една или друга причина, одамна се укинати.

Игра на тронови, 5-та сезона, трејлер

Надвор од насловот имаме да кажеме дека трејлерот е лоша снимка бидејќи е пиратиран од некаде (кај да е ќе биде пуштена официјалната верзија). Исто така - 12-ти април премиера.

Светски решенија на локални проблеми

Дел од проблемот со паркирањето изгледа како да е решен во светски рамки, сега само треба луѓе да слушаат и да постапат според упатства.

Денес од Џон Холкрофт

Тоа што е карикатура не значи дека е смешно. Тоа што не е смешно, не значи дека нешто ќе промени.

Како да го израснеш новото кутре и да останеш речиси нормален

1. Пред се, твоето кутре е идиот.

2. Дај му некое име што секој ден ќе те потсетува колку многу е идиот.

3. Твоето кутре е ладнокрвен идиот. Ова ќе ти стане јасно следниот пат кога ќе те гледа право во очи, додека ти моча на тепихот.

Контролирани шумски пожари

Делата на Мелиса Крисп се и фини и ефектни. А во терапевтска смисла, веројатно би можеле да се користат и како безбедно порно за пиромани.

Бадвајзер пак со кутриња за Супер Боул

Ланската реклама на Бадвајзер со лабрадор и коњи на ЈуТјуб имаше 55 милиони прегледувања. За годинешнава ова го знаеме: во снимањето учествувале 8 кутриња (иако гледамe само едно), кутрињата биле на возраст меѓу 11 и 12,5 недели, коњите тренирале 3 месеци за да се искоординира нивното трчање, снимано е во декември во Калифорнија.

Мис Америка им се обрати на терористите

Знаеме дека одговорите на Мисиците се стандардно бљак (мир во светот, живот за фоките, катетер за старите...), ама во меѓувреме сериозно ретардирале и прашањата до нив. Последната Мис на Америка ја прашаа "Што би им порачала на глобалните терористите во 30 секунди??"  Ниа Санчез, нормално, го знае одговорот.

Видеото со кое CNN ќе го одјави светов

Тед Тарнер своевремено кажа дека CNN ќе емитува програм сè до Судниот ден. Дечко кој работел таму, тврди дека CNN веќе имаат подготевено видео кое планираат да го пуштат на денот на Апокалипсата (го нашол фајлот во нивните компјутери под име "Turner Doomsday Video'). Значи, кога ќе дојде тој ден, не вртете CNN (бидејќи ќе ви биде веќе видено), свртете на Едо.

Спот е релативна работа

Да беше ова спот на некоја наша, или Бугарка, или Србинка, ќе ја искиневме од ругање и ќе ѝ се изнасеревме за сите пари. Ама, ете, Бијонсе. 122 милиони прегледи на Јутјуб. Ставете преку спотот некоја овдешна треш песна и ќе видите како пасува.

Картун Нетворк како кога имаше добри цртани

Или па од времето кога ние не бевме старки за да мрчиме околу тоа каков е цртанот. Сајтот е замислен баш како телевизија, цел ден вратат цртани, и имаш најава кои цртани следуваат. Плус е достапен на сервиси како ИксБМЦ, Гугл каст, Плекс и Року.

Како изгледа сиромаштијата

Фотограф и економист направиле ефектна визуелизација на прагот на сиромаштијата, покажувајќи што од локалната храна може да си дозволи еден сиромав човек со својот дневен буџет за исхрана. Македонија ја додадовме ние.

Што мајка ми!?

Перуанско тв шоу идентификува неколку мажи што цело време им свиркаат / дофрлуваат на жени на улица. Ги наоѓа мајките на овие мажи, ги преоблекува и ги пушта на улица да минат покрај своите синови. Тоа изгледа вака.