Како да го израснеш новото кутре и да останеш речиси нормален

1. Пред се, твоето кутре е идиот.

2. Дај му некое име што секој ден ќе те потсетува колку многу е идиот.

3. Твоето кутре е ладнокрвен идиот. Ова ќе ти стане јасно следниот пат кога ќе те гледа право во очи, додека ти моча на тепихот.

4. Немој да се прелажуваш да купуваш скапи работи за кучето. Дезодоранси и слично не ти треба ни да помислиш. Завиткај го во чаршафи како мумија ако ти треба да е повиено и користи бел оцет кога ќе ти се посере на патос.

5. Ќе ти сере насекаде на патос.

6. А и многу ќе ти цвика.

7. И ќе завива како волк.

8. За да ти биде поинтересно и за да не ти падне толку тешко недостатокот на сон, ќе треба да го облечеш како тигар.

9. Земи слободни денови од работа. Навлечи се на телевизиско шоу кое никогаш претходно не си го гледал. По можност некое што има неколку сезони и по 22 епизоди од сезона. Нешто како Скандал!!! Дури сега ќе може да се чувствуваш дека нешто си постигнал, кога всушност ти цел ден само седиш дома и гледаш кутртето да не лижне некој штекер и да се убие на лице место.

10. Запамети дека твоето куче е многу глупаво.

11. Исто така, ако мислиш дека гледање 100 епизоди од една серија не е некакво постигнување во живот тогаш не знаеме како да ти помогнеме.

12. Наскоро ќе почнат да му растат заби на кутрето и ќе почне да гризе се што ти е мило.
13. Липај додека се обидуваш да споиш се што е испоџвакано: скапи полначи за мобилен, книги што треба да ги вратиш во библиотека, убавиот прслук...

14. Немој сега да решиш да инвестираш во што било скапо што кучето би можело да го уништи, како на пример патека за трчање.

15. Една добра работа кај кутрето е што не му е гајле ако си гола, па биди гола.

16. Збогум на пантолоните засекогаш.

17. Рокни музика од харфа. Кутрето сака чил звуци.

18. Тоа што си комплетно гол значи дека ќе биде полесно да се исчистиш кога кутрето ќе се посере на тебе.

19. Фрли поглед на твојот нов живот прекриен со измет, погледни го кучето во очи и кажи му "Ете зошто не можеме да имаме убави работи." Сфати дека кучето не те разбира. Однеси го надвор да моча.

20. Радувај се со невидена гордост затоа што кутрето се измочало на друго место освен на тепихот. Забележи дека соседот те гледа со презир.

21. Исчисти ги гурелките во очите на кучето. Одвратни се.

22. Шепни му "ми се гади од тебе" и потоа на цел глас со радост извикај колку е слатко кутрето.

23. Кутрето ќе ти цимоли навечер. Тоа е затоа што сака да спие со тебе. Со тек на време ќе попуштиш и ќе оставиш да спие со тебе само за да заќути. Знај дека ова е моментот кога си и официјално поразена. Најди нови работи за кои би можел да си честиташ себе си.

24. Кога луѓето ќе те прашаат дали спиеш со кучето, лажи и кажи НЕ, за да звучиш како силна и самоуверена жена.

25. Објавувај многу слики на Инстаграм од кутрето како ти спие, на овој начин народот ќе мисли дека имаш добро куче и дека можеби и тие ќе имаат исто такво.

26. Подготви се да се помириш со фактот дека твоето кутре ќе биде заљубено во твоето меѓуножје. Немој ни под разно да го оставаш да ти се приближи кога си гола.

27. Гледа уште Скандал.

28. Или Девојките Гилмор.

29. Боб Бургерс.

виа

30 јануари 2015 - 13:34