Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Гиф басна

Наравоучение: овцата си останува овца, дури и кога се курчи.

Стапот кој нема два краја

Идејата за една ваква местенка звучи прилично тенко ама добиените снимки се пишурија.

37 кошеви во една четвртина

И да не си нешто посебно по кошарката, ова е момент што вреди да се гледа. Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томсон, во една четвртина даде 37 кошеви. Еве ги сите 37.

25 клучни моменти во историјата на Земјата

Кога вака ќе ги постават работите се она што ние сме направиле (ние = сите луѓе што до сега постоеле) изгледаат жално небитно, плус, многу безвредно кратко сме тука.

Како интелигентно да се расправаш

Рускиот психолог Анатол Рапорот пред неколку децении изработува листа на правила за расправање и дискусија. Американецот Даниел Денет во "Intuition Pumps and Other Tools for Thinking" ги сумира истите правила во четири точки.

Татко купи кола

Просечно напнат корисник на интернет би требало да добие предупредување дека во следниот клип нема ништо шокантно ниту посебно фрапантно. Но, бидејќи сте вие натпросечно нормална публика, ќе разберете.

По битката на аеродромот во Донецк

Во најкрвавата битка за украинската армија од август 2014-та, руските сили убија 37 украински војници во последниот напад за освојувањето на аеродромот во Донецк. Непотврдените шпекулации се дека во освојувањето на аеродромот од руска страна учествувале стотици армиски специјалци и десетици воени возила. "Простете ни браќа! Направивме се што можевме! Хероите не умираат," напишал на Фејсбук еден од украинските доброволци кој се борел на аеродромот во Донецк. Еве го аеродромот по битката.

Љубовните писма до Ричард Докинс

Ричар Докинс е биолог еволуционист кој е познат по своите критички мислења за концептите како што се креационизмот и интелигентниот дизајн. Како таков, често добива меилови од "другата страна." Аргументи, контра-аргументи, мислења? Не, не, главно "педер си, се ебеш со мајмуни". Така е со сите глупи хејтери на светов. Меиловите ги чита - Докинс.

Микрософт, направи го ова

Ама, да не го хакнат за 10 дена и некој да може да ни брцне холографски прст во око, да не треба да се апдејтува на 7 минути, да не му се случи ниту син екран, ниту црвен прстен, да нема некое брилијантно идиотско мени како на Офисот... само нека работи како на рекламава и ништо друго не треба.

Умревме од смеење

На тотално уврнат начин, Монтипајтоновци уште во првата година од своето емитување (октомври 1969-та!) гротескно предвидоа тема што е многу актуелна по масакрот во Парис. Je suis?

Заједно смо расли граде ја и ти

Приказната оди вака: Македонско радио, ноќна програма, Марин Бабиќ комуницира со госпожи и им исполнува музички желби. Се јавува слушателка и вика: - Можете ли Марине да ми ја пуштите "Заједно смо расли граде ја и ти?"

Со ваква младина...

Четири пати годишно американските ученици добиваат извештаи со нивните оценки. Пред овие извештаи да ги печатат компјутери, тие биле пополнувани од професори, кои можеле да остават и некаков коментар за ученикот.

Маалскиот во Обама

Клучниот чатал момент од годишниот Состојба на Унијата говор на Обама, чисто за да се знае кој е кој.

Јапонска реклама на денот

Рекламава е за јапонски куќни помошнички во подвезици (х100), или за плински решоа (х100), или за црвени тавчиња (х100) или за тесто за палачинки (х1).

Мистерии на оргазмот

Кутар наш Кајшаров. Додека тој мора да го истерува самиот ѓавол, на овој ќелавиов му се падна полесно за екстерно: да го вади оргазмот од жените.

Видеата на Вимео

Видеата објавени на Вимео во 2014-та што заслужуваат внимание и што заслужуваат да бидат изгледани. Посебно ако ви се гледа нешто убаво, што има осет за време.

Само да видиш колку немаш поим од скијање

Обично луѓето подобро знаат да одат отколку што знаат да скијаат, овој е невозможно да знае нешто подобро од скијање.

Топчиња се ближат

Илјадници стапици за глувци, уште толку пинг понг топчиња и неколку недолжни хонорарци кои треба сето ова да го наместат под конец.Честитката на Пепси за одјава на 2014-та.

Ескалатор за напалени навивачи

Ова не е расипано туку вака треба да функционира, и тоа чисто по потреба за да не мора полицијата да функционира. Шведска.

Оскари 2015. искрена верзија

Вчера беа објавени номинациите за Оскар, денес веќе ги имаме искрените постери за главните номинации: Армијата на Бред, Одисеја 2014-та, Хотел за хипстери и слично.

Само природно

Еден од оние "ништо бе брат, остај ги што зборат, ништо не земам... на ориз и пилешко сум, белки, урда обавезно, и вода" типови, само што е женско. Инаку се натпреварува во туркање на рака.

Велика Британија - САД во 90 секунди

Во минута ипол сумирани најчудните моменти во повеќедецениските "специјални односи" меѓу САД и Велика Британија. Ќе видите зошто е Буш најјак тип на сите времиња, кога ќе го прашаат што тој и Тони Блер имаат заедничко. Ах, колку ни фали тој цреп!

Метју Мекконахи, пред да отвори

После True Detective, Dallas Buyers Club и Interstellar, Метју Мекконахи заслужено стана еден од најталичните фаци во денешниот филмски свет. Пред 22 години, на аудиција за Dazed and Confused, многу Драчево.