Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Коце, земај го

Ако овој не зема плата за четворица, тогаш работи џабе.

Психо во шумата

Многу језива сцена во една шума во Полска. Нема крв, мрв, ама само помислете да налетате на некој ваков лик. Ќе побарате мечка и со неа ќе се разберете ко луѓе.

Никаде како дома

Нил деГрас Тајсон објаснува колку долго човек може да издржи на другите планети од нашиот систем. Спојлер: седете си мирни.

Љубов за цел месец

Љубов е магазинот, а магазинот прави календар со по едно видео дневно за 31 ден. Во овие 31 ден ги имате: Миранда Кер, Исабели Фонтана, Лили Албриџ, Емили Ратајковски, Адријана Лима... Може сите на брзина да ги изгледате или стварно да терате цел месец со нив.

Филмови на 2014-та, според луѓе што гледаат филмови

Летербоксд е социјална мрежа за вашиот вкус за филмови. Ова е 2014-та сумирана во препораки, критика и изгледани филмови од луѓето што гледаат филмови.

Трагедијата на разиграниот боксер

А сè што тој сакаше е да танцува и да изгледа како страшен боксер. Толку многу желби, толку многу ќотек.

Топ Гиар неферски

Елон Маск, основачот на Тесла моторс (пред тоа ПејПал и сл.), одговара на прашања на ЈуТјуб, меѓу нив за дебаклот на Теслата на тестот на Топ Гиар. Неговата верзија - прво не е точно, второ не мора да ја повторувате снимката цело време, трето чекаме суд.

Ситно, ситно

Добар келнер ќе ја научи целата техника за сечење, ама ќе стане одличен тогаш кога само од себе ќе му дојде да го направи последниот потег.

Оливер во најава

Колбер нема да се враќа (на старото место), ама Џон Оливер ќе се враќа и ништо нема да биде исто како до сега. Премиера - 8-ми февруари.

Рецензија на Вокменот на Сони од 1.119 долари

Сони стварно извади нов Вокмен, на кој сличноста со стариот му е само во името (официјален назив Sony Walkman ZX2). Вокменот стварно чини 1.119 долари и преполн е со секакви опции. Луѓето од Noisey имаа шанса да го пробаат и да ги разгледаат опциите.

Вистината во рекламите

Кола што е побрза од Ферари, слична е со Ролс Ројс, има поголем багажник од Порше, и чини само една десетина од цената на овие автомобили.

Карикатуристите за Шарли Ебдо

Реакциите на над 40 карикатуристи од цел свет по нападот и убиството на колегите од Шарли Ебдо.

Навреден си? Па што?

За сите оние кои сега ќе почнат да ја релативизираат грозоморноста на парискиот масакр со наклапања како не е убаво да се навредуваат нечии чувства и како слободата за заебанции (па и бласфемични, што да не?) важи само за "својот Господ", одиме повторно со една манифестна  стенд-ап литургија на Стив Хјуз.

170 години на Балканот ништо ново

Зима 1841-ва, властите на "варош Белград" објавуваат наредба со која се забранува пукање за време на Божиќ. Прво, сликата ја објавува Архивот на Белград; второ, преубав службен јазик ("да ќе казни подлеќи"); трето, никогаш нема да се научиме на ред.

И така растат деца

Покрај еден паб во Санкт Петербург руската фотографка Ирина Попова забележува млада жена како моча на улица, покрај нејзиното детенце кое седи во количка. Подоцна се запознава со мајката. Се вика Лилја, живее со дечко кој се вика Паша и заедно ја чуваат малата Анфиса. Лилја и Паша се алкоси, хероиномани и оттука, прилично лабави педагози. Ирина минува неколку недели заедно со нив и од тоа произлегуваат овие фотографии.

Еди Рама кај Зоран Кесиќ

Во новогодишната 24 минути (по формат нешто како Дејли шоу), требаше да гостува Алексендар Вучиќ. Наместо него во емисија се појави албанскиот премиер, а подоцна и неговиот брат.

Убавината на Ф1

Директните преноси не можат да и го посветат вниманието кое го заслужува која било Формула 1 трка. Вака монтирано и од дистанца изгледа како да го пропушташ најинтересниот спорт на светот. Сето ова е од 2014-та.

Ѕвездите на Ватикан

Сестра Кристина е победничка на "Гласот на Италија" 2014-та. Да види нешто вакво кај нас, владиката Петар има да издејствува синодска забрана за пеење, ќе фрли анатема на микрофоните и после ќе ја тужи Кристина до Судниот ден.

Кога јас би го правел Вонземјанин

Без дозвола, никаков договор или преддоговор со студио, барем муабет со Ридли Скот или воопшто некој да му побара, Нил Бломкамп црта неколку концепти за тоа како тој го замислува следното продолжение на Вонземјанин. Инаку, Бломкамп е режисерот на одличната фантастика Реон 9. Сликите ги објави на Инстаграм.

Избришани сцени од Борат

Саша Барон Коен и неговиот Борат се луѓето кои на екраните совршено споија два принципа: гандиевство (користење на својата немоќ) и аикидо (користење на силата на противникот). Неколку сцени кои не влегле во финалната верзија на филмот, а исто феноменални.

Штом зине - лаже

Заебот се вика "ефектот на Мек Гурк" а човекот кој го проучува 25 години признава дека неговиот мозок се уште паѓа на истата финта. Наравоучение кога слушате политичари: не ги гледајте во уста.