Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Диего Макарона и Пиво Андриќ

Да ви ги покажеме урнебесните дела на Андреј и Димитрие, дечки од Србија кои не се сувопарни графички дизајнери (ова малку полево, ова малку подесно) туку креираат оригинални „брендови“ и имагинарни бизниси (на пример: Рибен ресторан „Гирица и Марица“) со луцидно вметнати референци од поп-културата, музиката, филмот.... и најважно од сè, со многу хумор во нив.

Не бива Солун без македонска песна

Савина Јанату е позната грчка пејачка со повеќедецениска кариера која има нов албум (со групата Примавера Салоника и долгогодишната соработничка Ламиа од Тунис). „Савина знае да нè транспортира преку векови и држави“, пишува Гардијан за албумот "Watersong", инспириран од водата како мелем и како проклетство. Јанату нè транспортира од Ирска до Ирак, од Корзика до Калабрија, од Македонија до Македонија.

Трамп знае амбасадор за Србија да одбере

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Марк Брновиќ, адвокат, ветеран и поранешен јавен обвинител на Аризона (Американец со српско потекло и член на Републиканската партија)  е избран за нов американски амбасадор во Србија. Доаѓа на местото на Кристофер Хил, кој своевремено беше амбасадор и во Македонија. Наместо да ви го претставуваме Брновиќ, да оставиме тој самиот да се претстави.

Сиот тој џез... капитал

Најбогатиот музичар на светот е побогат од Бијонсе, Боно или Дилан и патем, ги има освоено сите музички награди што може да се освојат, од Греми до Тони. Зад него е повеќе од полувековна музичка кариера па сепак, многумина можеби и немаат слушнато за него.

Темната вистина зад УСАИД

Јутјуб каналот Red Pill Bunny концизно ги поврзал точките за вистинските мисии за контрола и влијание на неодамна укинатата американската агенција за развој. Од силните нетранспарентно потрошени милијарди до извозот на франшизата наречена Шарена револуција. Послe Маск и ДОГЕ е лесно да се мудрува, но останува мистерија како Американците толку долго не беа свесни за ништо од ова.   

Избрусена историја

Ако некому е полесно, Заев и таа тајфа не се единствените кои со брусилки сакаа да ги избришат знаците на сопствената историја и сеќавања, па се стругаа шахти (за да им удоволиме на Грците)  и споменици од НОБ (за да им удоволиме на Бугарите). И во Литванија се брусат шахти од знаците на СССР, или да се подзаборави нивниот доброволен колаборационизам со нацистите.

Сите се верници... на вилица

Кога ќе прашаат луѓе на анкети, сите се за мир во светот, сите се хранат здраво, сите редовно вежбааат, пропуштаат пешаци на пешачки, го вадат белото од мортаделата заради холестерол... Слично е и со верата. На такви истражувања, испаѓа дека 22% Американци редовно одат во црква или друг верски храм. Следи им го ГПС-от на мобилните, ги има само 5 посто.

Како Курти испадна Заев

Албин Курти беше убеден дека зборува со претседателот на Литванија па се расприкажа не само за „хибридната војна“ во која биле вмешани Србија, Русија и косовската опозиција туку и за човекот на Трамп, Ричард Гренел кој го обвини за пуч а сега ќе треба да ги средува геј луѓето во Кенеди центарот, иако самиот е геј. Па „Литванецот“ му вика, а знаеш ли дека и јас сум геј?   

Како Германија си пукаше во нога

Видео снимка од моментот кога Германија решава да ја сруши тогаш (2021 година) една од најмодерните електро-централи на јаглен во Европа, која била во функција 83 години, како дел од планот целосно да  се еманципира од јагленот до 2038 година. Инаку, значителен дел од 84-те такви централи во земјата досега имаат престанато со работа.

Да се смисли наш збор за ова

Веројатно некогаш сте начекале постар човек, со раце на гз, како посветено гледа во некое градилиште, небаре од неговото зјапање зависи судбината на тој проект. Италијанците имаат и збор за тоа, "umarell" и означува токму тоа, пензионер кој обожава неповикан да надгледува градежни работи и одвреме-навреме да даде некој драгоцен совет кој никој не му го бара.

Секоја генерација има свој Хомер

Прашање: „Во своите епски поеми, Хомер честопати го спомнувал нектарот како пијалок на боговите. Слична работа спомнувал и за нивната храна. Што е тоа? “ Ако вашиот одговор е амброзија, стари сте.

Најголемиот азил за бездомни кучиња во Европа

Се наоѓа во општина Јајце, Босна, се простира на 24 хектари а трошоците се 500.000 евра годишно. Го води повратник од Швајцарија кој има помош и од странци кои велат дека вакви услови кучињата немаат ни во Германија ни на други места во Европа. Меѓу другото, 425-те кучиња што моментално се таму, имаат и базени.

И без школо „далеку“ се стигнува

Дечкото решил да сними кратко видео за да ѝ покаже на својата некогашна наставничка колку била грешка кога му повторувала дека ако не учи, никаде нема да стигне во животот. Глеј ме сега каде сум професорке! - финишира оваа зезалица. Прц.

Климатска кладилница

Зошто не го слушаат Берни Сандерс кога потсетува на алармот на научниците дека ако не ни дојде памет за едно осум, девет години, големи градови ширум светот ќе бидат потонети во вода? Зошто? Затоа што идентични апокалиптични сценарија луѓето слушаат со децении и ако тие се покажаа како точни, и Берни денес ќе беше под вода. 

Убавата Анке

Извесна Анке Дудч (Anke Dudch) на Икс ќе напише: „Западен Балкан се лоши грди земји, лоши грди луѓе, ужасни грди јазици и култури. Со други зборови - тие се ќенефот на Европа, како муслиманска Албанија, Северна Македонија итн“.

Борис Буден: Европската елита нè води во војна

Борис Буден e хрватски филозоф и публицист кој никогаш не вртел многу околу темите, но, како минуваат годините, станува сè поостар, попрецизен и подиректен. За оние кои сè уште имаат илузии за „градината“ која сакаат да ја нападнат варвари однадвор или не сакаат да го видат лицемерието на оние кои го водат стариот континент, еден час мастерклас со Буден.

Или не биди овца или ќе се вртиш во круг

Ух, колку горчливо вистинито видео за многу работи. На оваа тема може да се напише есеј или докторат (а и напишани се безброј) за политика, религија, социјална психологија, интернет, авторитети, идеологија... Погледнете ги овците и признајте си дека од некаде ви е познато сето ова.

Сојузот наречен желба

Со години тапшани по рамо за идејата, на крајот на септември 2022 година, Владимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и првиот човек на Врховната Рада, Руслан Стфанчук, помпезно потпишаа апликација за забрзан прием на Украина во НАТО. Стотици илјади мртви, милиони бегалци и милијарди долари подоцна, после средбата со Трамп, генералниот секретар на НАТО им кажа - не бива тоа. Да, ништо не е готово.... освен за оние загинатите.

Човек ли е Вахтанг?

Вахтанг (Грузија) прави битбокс верзија на песната „I'm Only Human“ само што попат сфаќате дека тој е една третина човек, една третина робот, една третина електрична гитара. Некои тврдат дека е Десептикон од Трансформерс, некои дека е вонбрачно дете на Мегатрон и Оптоимус Прајм. Одамна некој нè нема вака здрмано.

Нова „ЈУ“ рок мисија: Со музика против кладилниците

Ако пред 40 години, музичари од бивша Југославија пееја за помош на гладните во Африка, сега пеат за помош на своите сограѓани од метастазираната болештина наречена кладилници и игри на среќа. Иницијатор на идејата е Александар Јаниќ Јана од Нови Сад, поранешен наркоман кој сфатил дека работата е отидена кога видел дека во тамошниот центар за рехабилитација сè повеќе доаѓаат зависници од таков тип.

Професорски малер на колото

Џон Гурдон на своето работно место ја чувал оценката на еден негов професор од студентски денови дека проектната задача која ја предал му е катастрофална и дека неговите научни амбиции се чисто губење време. Гудрон подоцна добива Нобелова награда за развојна биологија. - Како можел професорот толку да згреши? - го прашува водителката. - Сигурни ли сме дека згрешил?-  вели стариот шармер.

Подобро да не си ја знаеш цената

Постои златно правило: не прашувај ако не си спремен да го чуеш одговорот. На пример: таа го прашува мажот на нејзиниот живот дали би ја зачукал во фаца за милијарда долари. И што дозна? Дека тој би ѝ ја зачукал во фаца и за 40 долари. А дека за понудената милијарда би ја замавал со лопата за снег. Пред мајка ѝ.  

Попрво кај Васко Ефтов ќе дојдеш до збор

Мосахид од Катар има концепт (на Јутјуб, на Инстаграм) кој е глуп да поглуп не може да биде. Ама толку добро го има навежбано и толку добро го прави што е пишурија. Идејата е да постави прашање и после да ги прекинува. До бескрај. Таман ќе почне да му се одговара, Мосахид, со совршен тајминг, го сецка со истото или друго прашање. Притоа весељак е човекот, не е некој трујач. Само да видите како пиздат луѓе. 

Гламурот на зелениот чаршаф

Забораваме колку се напреднати визуелните ефекти и компјутерски генерираните слики во филмската индустрија па понекогаш им завидуваме на глумците на прекрасните пејсажи или раскошните ентериери во кои снимаат филмови. А тие седат на табуретки пред зелен чаршаф. Ни дворци виделе, ни море примирисале.