Сиот тој џез... капитал

Најбогатиот музичар на светот е побогат од Бијонсе, Боно или Дилан и патем, ги има освоено сите музички награди што може да се освојат, од Греми до Тони. Зад него е повеќе од полувековна музичка кариера па сепак, многумина можеби и немаат слушнато за него.

Херб Алперт.

Трубач, пејач, композитор, скулптор, продудент.....

Џез музичарот кој денес е на 89 години, имаше скромна слава во доцните 50-ти а потоа ги сврте рефлекторите кон себе со својата група Тихуана Брас бенд. Во 1965 година го имаше најпродаваниот албум (Whipped Cream & Other Delights), победувајќи ги Битлси и Ролинг Стонси.

Има 50 албуми (14 платинести и 15 златни) продадени во 72 милиони примероци, и е основач на музичката компанија A&M Records.

Херб Алперт денес вреди 1,25 милијарди долари. И најави нова турнеја во САД со Тихуана брас бенд.

А ќе речеш труба....

 

29 март 2025 - 18:48