Нова „ЈУ“ рок мисија: Со музика против кладилниците

Ако пред 40 години, музичари од бивша Југославија пееја за помош на гладните во Африка, сега пеат за помош на своите сограѓани од метастазираната болештина наречена кладилници и игри на среќа. Иницијатор на идејата е Александар Јаниќ Јана од Нови Сад, поранешен наркоман кој сфатил дека работата е отидена кога видел дека во тамошниот центар за рехабилитација сè повеќе доаѓаат зависници од таков тип.

Јана собрал спектакуларна екипа: Рамбо, Рундек, Партибрејкерс, Електрични оргазам, Дубиоза, ТБФ, Џибони, Миле Кекин, Атеист Рап, Лету штуке, Канда, Конџа и Небојша, Зоран Предин, Лав Хантерс... Влатко Стефановски е на гитара.

Сите заедно, на песната на Гиле од Оргазам, „Крокодили долазе“, на аранжман на Атеист Рап:

13 март 2025 - 18:56