Албин Курти беше убеден дека зборува со претседателот на Литванија па се расприкажа не само за „хибридната војна“ во која биле вмешани Србија, Русија и косовската опозиција туку и за човекот на Трамп, Ричард Гренел кој го обвини за пуч а сега ќе треба да ги средува геј луѓето во Кенеди центарот, иако самиот е геј. Па „Литванецот“ му вика, а знаеш ли дека и јас сум геј?
п.с. Заев сепак останува најјак од сите прелажани. Руските пранкери Вован и Лексус обелоденија дека нивната конекција со Зоки завршила кога ТИЕ престанале да дигаат телефон кога овој нашиов клен ги зивкал.