Џон Гурдон на своето работно место ја чувал оценката на еден негов професор од студентски денови дека проектната задача која ја предал му е катастрофална и дека неговите научни амбиции се чисто губење време. Гудрон подоцна добива Нобелова награда за развојна биологија. - Како можел професорот толку да згреши? - го прашува водителката. - Сигурни ли сме дека згрешил?- вели стариот шармер.