Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Безвредни срања што ги научив во 2015-та

- Ако ги исечеш фармерките кај колената, го зголемуваш нивниот фактор на кулнес за 20%.

- На никого ништо не му должиш, освен на мајка ти.

- Купувањето скап шампон изгледа глупо, ама не е.

Животот повторно има цел

Иако во интерни кругови се шири муабетот дека од понеделник веќе никој никогаш нема да јаде, искусните аналитичари уште од сега со голема веројатност предвидуваат дека ова ветување ќе пропадне како и 78-те слични на него кои беа дадени минатата година. А како да не пропадне кога некој треба го проба рецептов за пица-тост-вафла-сендвич.

Нано-имитации

Нано затоа што траат 5 секунди, а некогаш ни толку. Добрата работа во ова е што во 2 и нешто минути може да собере имитации на речиси 20 ликови, и покрај тоа што се со зададена тема.

Масимо Савиќ, странец во ноќта

Ние обичните можеме колку сакаме да си офкаме по луѓето кои заминале а чија музика сме ја сакале но меѓу музичарите таа болка и загуба мора да е поинаква. Не заминал само човек туку и колега, некој кој живеел во ист космос, некој кого сте го сметале за духовно близок... Масимо Савиќ, на пример, не може да го прежали Томи.

Силата го возвраќа ударот

Вчера објавивме линк до статија од Хафингтон во која авторот наведува 40 (вака аматерски гледано) очигледни пропусти во приказната од последното продолжение од Ѕвездени војни. Денес се покајавме. (Нормално - спојлери!)

Искусните не мора ни да го дослушаат прашањето

На прашањето "Со кого сакате да поминете еден убав викенд?" дедото треба да одбере а или б. Опцијата 'а' гласи: Со својата сопруга.

Одмаглување прозори на база на наука

На дечково треба да му се верува прво затоа што работи во НАСА, и затоа што направи експеримент со сите можни подесувања. Една мана му е што многу сака да зборува, нам мана ни е што не сме многу по слушањето, па затоа еве го сижето од неговото истражување како два пати побрзо да ги направиш прозорите да ти бидат џам чисти: прво, топлото ставете го на максимум; второ, вклучи ја климата; трето, исклучи го вртењето на воздух од колата; четврто, малку подотвори прозор.

Семејни пресметки

Брак си е брак, натпревар на телевизија во лажно пеење и играње си е натпревар на телевизија во лажно пеење и играње. И тука, како и во се друго нема попуштање на партнерот. Тејтум Џена вс. Тејтум Ченинг, без попуштање и со Бијонсе.

Рики Џервејс и отворањето на Златните Глобуси, 4-ти пат

Или медиумите премногу се возбудени околу тоа што Дикаприо освои награда па не му се ссна на Џервејс, или годинава беше навредлив во прифатливи граници.

Дафт Панк во 10 гитарски стилови

Андре Антунес се вика дечкото кој ќе ви покаже како песната на Daft Punk's "Get Lucky" би ја отсвириле Сантана, Стив Ваи, Еди Ван Хален, Ангус Јанг, Сатриани, Курт Кобеин, Слеш, Брајан Мек, Марк Нофлер и Том Морело.

Водоземен механички соживот

Ако сакате чамец да ве пренесе преку вода, треба да веслате. Зошто истото да не важи и за автобусот?

Што се случува кога ќе одговориш на спам писмо?

Се разбира дека е најпаметно веднаш да го избришеш писмото кое ти ветува големи пари/наследство/злато од некоја далечна странска земја/соборен диктатор. Но дечкото го направил она што сите ние некогаш посакуваме да го направиме: да им пишеме на говедата. Супер приказна!

Том Вејтс на балканската транзиција

Со години свири по задимени белградски крчми а уметничкото име му е "Кралот на Чачак". Дозволете му да ви опише како изгледа утрото.

Кои се шансите да освоиш 800 милиони долари на лото

Сумата е џекпотот на американската лотарија. На хартија целата работа е многу лесна, треба да погодиш пет бројки од 1 до 69, и една дополнителна, од 1 до 26. За да биде уште полесно имаш и стартни 100 долари, а после тоа уште 100, и 100, и 100, па 1.000, па колку сакаш. Бирај бројки и ставај пари.

Затоа што Русија!

Ако некогаш не сте верувале дека луѓето не наликуваат на своите миленичиња, тогаш дозволете му на паров да ве разубеди.

Лепото моја прејди на друг

Без никакви предрасуди, без прашања и потпрашања, ти и твојата убавина, наспроти алгоритам. Ако сте спремни да ви суди алгоритам и врз основа на та да се трауматизирате самите себе или блиските, тогаш кликајте за повеќе.

Лажи ме, лажи ме

„Лажи ме, лажи ме" е првиот сингл од новиот албум на Бернајс - „Политика". Ако сме фраери, догодина ова ќе се пее исто колку Коледе, леде...

Пак во кола

Некаде пред околу две години, тројцава се возеа низ Лос Анџелес од чисто промотивни причини. Овој пат, од веројатно подеднакво промотивни причини, прават уште еден круг, само возачот е девојка што зема часови за возачка.

Порно ѕвезди читаат лоши коментари за себе

Исто како Џими Кимел, најразлични компилации славни луѓе и твитовите за нив, само сега се Порнхаб, Брејзерс и нивните луѓе. И не се твитови, туку коментари оставени под порно видеа на Порнхаб (што е сосема друга тема за муабет).

Среќна Нова 91-ва

Што во новата година за себе и оние околу себе посакаа Петре Прличко, Оливер Мандиќ, Драган Џајиќ и други познати лица на тоа време. Од сите тие нивни убави желби и надежи за престојната 1991-ва година, историјата ќе забележи главно дека тоа беше година во која се распадна нивната држава и започна крвавата Трета Балканска Војна.

Бог сакаше да си купам авион

Да имаше Господ или пак да не беше тој дигнал раце од нас, овие двајца ќе ги спржеше гром среде емисија. Од оние телевангелисти, во суштина топшоп продавачи кои наместо тенџериња шиткаат божји пораки, полни со пари ко брод, објаснуваат зошто имаат приватни авиони. 

Режисерски муабети

Квентин Тарантино, Том Хупер, Алеандро Инариту, Ридли Скот, Дени Бојл и Дејвид Расел, седат на маса и зборат за филмови. Што треба повеќе?

Кога Европјаните би биле бегалци

Што ако светот се соочи со бегалска криза ама со обратна насока од актуелната? Што ако Европјаните се оние кои бараат засолниште на Блискиот Исток? Едно кратко филмче се занимава со оваа непостоечка но отрезнувачка ситуација.