
Тед Харди Карнак е режисер на филмот "Je Suis Tunisiе 2045" кој почнува со кадар од долга редица европски бегалци пред туниското биро за мигранти.
"Жалам, не можам ништо да направам," строго деловно им соопштува службеничката на татко и ќерка. "Квотите за "бегалци од Европа веќе се исполнети, жалам".
Таткото ја моли уште еднаш да го разгледа случајот:
"Знаете што се случува во Европа, знаете како изгледа Париз во моментов".
"Јас само си ја вршам работата господине, не можам ништо да сторам за вас"