Безвредни срања што ги научив во 2015-та

- Ако ги исечеш фармерките кај колената, го зголемуваш нивниот фактор на кулнес за 20%.

- На никого ништо не му должиш, освен на мајка ти.

- Купувањето скап шампон изгледа глупо, ама не е.

Не мора да уживаш во сите работи што им се свиѓаат на други, ама да хејташ спорт е ебано иритантно.

Стрелката до иконата за бензин на шалт таблата означува од која страна ти е резервоарот.

Секогаш еднакво дели ја сметката од кафана со пријателите. Пријателот што не се согласува со овој метод вреди да го откачиш во 2016-та.

Кафето што ќе го купам секогаш е повкусно од кафето што ќе го направам.

Секоја жена треба да има список на машки непријатели кој секогаш ќе и биде при рака, за да може често да се потсетува или надополнува.

Има Инстаграм профили посветени на модрици од скејтбординг.

Секоја жена стига до возраст кога одлучува "да почне со трчање." Обично за околу половина ова станува редовна навика, вообичаено придружена со пад на журкање и излегување во град. Донекаде ова е за почит...

... Реков донекаде.

Гопро е поскапо отколку што мислев. Изгледа ко да треба да чинат околу 50 долари макс? Не. Многу поблиску се до 200 долари и нагоре.

Не постои "коса на богаташка."

Што ме потсети: шишањето не си ги вреди парите.

Прифаќањето пријатели на Фејсбук пак е кул.

Пушењето цигари пак е кул.

Уметноста пак е кул.

Носењето облека што ти е погрешен број само за да бидеш тренди веќе не е кул. Носењето облека која убаво ја чувствуваш на себе пак е кул.

Никој лично не навива ти да успееш освен можеби мајка ти, па подобро самиот да се трудиш да успееш.

Инстаграм Експлор табот е подобар од телевизија.

Кога ќе притиснеш и држиш фото од пребарувањето на Гугл имиџ на твојот мобилен, имаш опција да ја зачуваш сликата или да ја копираш. Така да збогум скриншоти од Гугл имиџес.

Нема Господ.

Moscow Mule е супериорна пијачка.

Дајна Еванс

13 јануари 2016 - 13:53