Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Па немогуќе!

А ние мислевме дека ги познаваме односите на силите во животинскиот свет. Да не знае веќе човек на кого може да му се курчи. 

Храна и бело

За следниот рецепт ви треба кредитна картичка, бел прашок и банкнота од 500 евра. Со рецептот ви препорачуваме вино од долината на Џек, Џони или Џејмисон.

Немал Бугарот работа, па се љуљал меѓу згради

Две згради, многу јажиња и многу да не ти чуе околу гравитација, сите феил видеа од Јутјуб и генерално болки, сркшеници, набиени дело од тело. И одлично склопено видео.

Исто е ама не е исто

Романски фотограф снимил десет идентични еднособни станови од една иста зграда. Становите ги снимал од ист агол, за да дојдат до изразат останатите социјални, естетски и животни детали на станарите кои живеат на иста вертикала во источен Букурешт.. 

И волкот е душа

Кратка видео приказна за инает на народната мудрост дека волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува. Го наоѓаат во река, исцрпен и премрзнат, со 39 ловечки гелери во тело, едно време и срцето престанува да му чука. Добрина, добрина, добрина и - ене го, од рака им јаде.

Искрено, драга, ме заболе курац

Баш интересна стилска вежба: 29 познати актери (навистина квалитетна ергела), кажуваат две кратки реплики од филмот "Одвеано со виорот".  И повеќето се стварно одлични.
п.с. барем има "драга" во насловот.

Да го фатиш за уши и да го вратиш дома

23 годишен исламист од Авганистан, дојден во Шведска пред 10 години, во автобус му се истура на еден пензионер. Во Шведска не чинело, многу хартија пополнувал кога одел на лекар, талибанците се враќаат, Шведите се педофили, тој можел да јаде луѓе ако треба а и појак е... Немате појма колку е глуп.

Православни битови

Семантрон (на македонски: клепало) е една дрвена даска која се користи во манастирите за повикување на калуѓерите на молитва. Имаме еден романски поп кој клепалото го клепа подобро од ритам машина. Тупца, тупца, амин! 

И ти ли брате Кенеди

Ѕвездата водилка на либералите и никогаш непрежалениот американски претседател за демократите, со свое ни најмалку другарско обраќање на тема дебели деца. Како малку да им се сите маалски што ги смараат, Кенеди почнува со - нема ништо понесреќно од дебело дете.

Масата во Лас Вегас која чини 250.000 долари

За пари во Лас Вегас може да се добијат секакви перверзии. Оваа не е најголемата ама веројатно е најскапа. За 250 илјади долари резервирате маса во Белаџио на која добивате само две работи: едно шише и едно копче.

Фрижидеро

Претходно познат како Планината од Игра на тронови, сега пробува да го сруши рекордот за најбрзо носење два двојни фрижидери (жива мера 450 кг.) на 20 метри.

Боб Дилан версус Звонко Бoгдан

Од една страна рок пророкот Боб Дилан, од друга панонскиот аристократ Звонко Богдан. Два комплетно различни света, две уметнички магистрали кои навидум никаде не се допираат. Па сепак, видете ја вие оваа коинциденција и поклопување на мотивите и интересите.

Саудијката и нејзиното скромно право

Во една од најконзервативните и родово најсегрегирани земји, некои жени во Саудиска Арабија внимателно се обидуваат да ги редефинираат границите на јавниот живот. National Geographic фотографираше некои од овие ретки и загрозени видови.

Дај да пијам, мила мајко....

Некој да ти тврди дека има сеќавања како ја слушал македонската песна "Како што е оваа чаша/ дај да пијам мила мајко" на француски јазик, ќе помислиш дека забегал од дроги. А не да има линк туку има и спот! Тереза Кесовија и Миро Унгар, кујзнае како и зошто.

Последниот блузер од Мисисипи

"Додека сум овде" е еден драгоцен видео проект кој овековечува приказни на луѓе кои ја живеат есента на својот живот а истиот го минале тивко и посветено на своите љубови. Пред нас е Лио "Бад" Велч, роден 1932 година. Свири гитара од 13 години а своето прво ЦД го има издадено на 83 годишна возраст. Капа долу, стари.

Пушти го сонот колку што ти е долго чергичето

Глупоќа е, ама ај. Чергиче со аларм за будење. Не можеш да го снузнеш со палец од нога туку треба фино да го нагазиш за да прекине. А кога ќе го нагазиш, ти кажува мотивациски пароли, дека животот е убав, денот е прекрасен а пријателството ретко. Според приложеното, на типот во рекламата му требаа 6 ипол минути за да се убеди во тоа. 

Кога сакаш на синот да му го покажеш светот

Слично како нашата Ивана која го врти светов на мотор (видео и фото приказна) Оана и Михај последново лето решиле да свртат едно кругче наоколу. 41 земја и 28.000 километри. Со нив е и нивниот 4 годишен син Владимир.

Дај раката да видиш нешто

Јасно ти е дека нема да ти се случи ништо смртоносно и дека си пред милиони народ на телевизија и секако дека ќе останеш жив. Ама јасно ти е дека има бескрајно ужасни начини да преживееш.

Кинезот и морското

Епска битка во ресторанска кујна меѓу готвачот и две гајби ракчиња или некаква морска храна. Шампионска титула за готвачот заради борбата што му ја пружи на огромниот преполн вок, и шампионска титула за тие што го имаат направено шпоретот да може вака стамено да ја издржи целата битка.

Модните цртежи на Салвадор Дали

Во 1965 година Дали потпишува договор со една американска модна куќа за дизајнирање женска линија. Неговите скици сега се на еднa изложба во Шпанија а на улица тоа никој никогаш го нема видео.

Како македонската кирилица страда од кириличните фонтови

За македонската азбука, и како некои кирилични букви преку најразлични кирилични фонтови успеваат да ни се протнат и веќе да се одомаќинат во кирилицата што секој ден своеволно ја користиме во надеж дека пишуваме македонски.

Видео туториал за македонски туристи за лето 2016

Дури и најискалените ветерани со минати и по десетина ол-инклузив одмори по краците или во Турција со цело семејство, ќе можат да стекнат ново ноу-хау кое ќе им се најде за престојната сезона на одмори.