Саудијката и нејзиното скромно право

Во една од најконзервативните и родово најсегрегирани земји, некои жени во Саудиска Арабија внимателно се обидуваат да ги редефинираат границите на јавниот живот. National Geographic фотографираше некои од овие ретки и загрозени видови.

Аљази Алракан (онаа што стои и слика) и нејзините другарки, на ручек во фенси ресторан во Ријад. Алракан е забарка и модна блогерка (побарајте на на Инстаграм како @jazzebelle). Медицината и педагогијата им се достапни професии на жените (за сингл-секс клиенти), во моментов на универзитетите во Саудиска Арабија има повеќе женски отколку машки студенти. 

 

Во зона забранета за мажи, група жени уживаат во изложба на италијански дизајнер. Манекенките се увозни бидејќи тоа сè уште е ризична професија за Саудијка.

 

Машко - женската поделба е сеприсутна. Секаде мора да постојат посебни каси, линии за чекање, места за јадење. Оваа мајка (тетка, вујна, комшика, комшија), малку се збунила.

 

Границите постојат и кога се невидливи. Човеков не смее да припари подалеку од сината линија.

 

Женски клас - машки професор. Џамот го одржува поредокот.

 

До неодамна ова било невозможно да се види, жена да патува (овде со воз) без машка придружба.

 

42 годишната Шеика, дома. Пуштен филм со Голди Хон, таа дрви на телефон. Работи за хуманитарна организација, нема маж. "Што ќе ми е маж? Не сум јас ничија машина за раѓање ниту пак правосмукалка"

 

Мобилни дал Алах, а и мрежа бога ми, дури и во пустина. Тоа е едно од омилените места за семеен викенд во зимските месеци. Џип, мобилен, јадење и пиење, децата си играат.

 

Жените се обесхрабруваат да одат на "машки спортови" ама има и вакви: Халах Алхамрани е фитнес и кикбокс тренер во теретана во Џеда. Признава дека не само мажи туку и жени често гледаат со шокираност на нејзиниот избор.

 

Жени во Саудиска Арабија се надеваат ќе го доживеат денот кога ќе се укине забраната да возат автомобил. Дотогаш, можат да се сликаат.

* извор

16 јануари 2016 - 11:21