Како македонската кирилица страда од кириличните фонтови

За македонската азбука, и како некои кирилични букви преку најразлични кирилични фонтови успеваат да ни се протнат и веќе да се одомаќинат во кирилицата што секој ден своеволно ја користиме во надеж дека пишуваме македонски.

Главната табела со правилната верзија на македонските букви, и нивните вариjации, што преку најразлични кирилични фонтови ги преземаме од бугарскиот, рускиот и српскиот јазик:


Зошто така?

Кон средината на осумдесеттите, ECMA (European Computer Manufacturers Association) ја дизајнираше ISO-8859 серијата, а нивната кирилична кодна страна е направена за да ја задржи компатибилноста со распоредите кои ги правеше рускиот ГОСТ (т.е. државниот стандард), со тоа што во неискористените полиња додадоа знаци на другите кирилични писма — така и за македонската кирилица. Кога се дефинираше Unicode стандардот преземени беа знаците и нивниот редослед од веќе постоечките кодни страни. Така, за кириличниот блок во Unicode е искористен кодниот распоред ISO-8859-5 во кој руските знаци се користеа како основа, па затоа за нашите, македонски варијанти на курзивни (италик) букви немаше место во Unicode табелата. Од страната на повеќе земји кои користат кирилично писмо, беа побарани посебни места за специфичните кирилични букви но, тоа било одбиено со образложение дека: „Се работи само за графички варијанти на истите букви, а Unicode не се занимава со прикажување на различни варијанти на иста буква, туку само со една репрезентативна форма."

Објаснувањето е од Ласко Џуровски, и е дел од неговата одлична презентација на темава, која ја има обработено на речиси сто страни. Читајте тука:

13 јануари 2016 - 15:36