Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Уметност човече

Влегуваш во уметничка галерија, како што се шлаеш низ неа наидуваш на очила оставени на патос. Веројатно најголемата драма што може да ѝ се случи на твојата кариера како познавач на уметноста: дали ова е уметност или намештаљка.

Направа која ќе ве откаже од цигарите

Ако намерата ви е силна но вољата слаба, тогаш дозволете ѝ на високата технологија да ви помогне во откажувањето на вашата лоша навика. Само да знаете, колку повеќе се инаeтите, толку помалку заби ќе имате, пушеле - не пушеле.

Така се чува национален парк

Една година пред американскиот Конгрес да го прогласи Јелоустон за национален парк (1871 година), фотографот Вуилијам Хенри Џексон фаќа неколку кадри од оваа дивина во Вајоминг. 145 години подоцна, друг фотограф решава да го провери погледот од истите агли.

Изгледа шашаво, ама забавно

Малку е пипаво, малку треба нерви сето ова да се состави, малку ќе ве гледаат чудно кога ќе играте со пластично шише вода во автобус или на состанок... ама што ви е гајле!

Кога разумот ќе преовлада на паркинг

Кога? Овој пат не. Јагуар (нов) блокирал Рејнџ Ровер (нов). Решение од типот "веројатно татко му му го купил џипот," што и не ја објаснува целата публика и навивање околу него, ниту пак полицаецот што стои и гледа.

Со бегалците низ Македонија

Њујоркер има документарец од шест епизоди за патот на бегалците од Сирија. Третиот и четвртиот дел се за Македонија. Ги видовме, ги препорачуваме.

Универзумот во 4 минути

4-минутно објаснување по кое работите ќе ви бидат подеднакво јасни како и пред да го изгледате видеово, најмногу затоа што не дечково не му чуе дали и што си разбрал.

Се враќаме веднаш по рекламите?

Ако ве нервираат долгите блокови тв реклами или флеш банерите по веб сајтовите, запамтете го ова време, бидејќи еден ден ќе бидете носталгични по него. Како ќе изгледа кога физичката и виртуелната реалност ќе се спојат а вашата околина ќе биде само простор на кој ќе можат да се закачат нови рекламни пораки? Ќе се вратите од рекламите, ама папсани. 

Куќа се од корен корнеше, буквално

Во делови од Кина периодов се случуваат поплави кои направија прилично штета, а имаше и жртви. Ако е нешто позитивно околу видеово, е што тука немаше жртви.

Ковчези на четири тркала

Тестирањата за безбедноста на поедини модели на автомобили завршуваат со некакви ѕвездички кои не мора многу да ни значат. Но, сè ќе ви стане јасно кога ќе одгледате што им се случува на 4 коли кои добиле нула ѕвездичка. Пазете, сиот овој крш на 64 километри на час.

Спонзорско-бизнис романса

Има ли тука некој што заработува 500 илјади или повеќе? Или жена на таков човек? Може ли да ми дадете некакви совети? Излегував со бизнисмен кој заработуваше помеѓу 200 и 250 илјади. Но тоа изгледа и беше проблемот.

Јаден оној Бил Клинтон

Ако е вистина нароидната дека "многу смеење не е на арно", тогаш ова е многу неарно. Видео компилација од смеењата на Хилари Клинтон. Погодете колку трае? 10 часа! Ние едвај 6 часа издржавме.

За американскиот изборен систем

Еден од најуникатните изборни системи влече опашки од време кога било попаметно да не се остави на народот сам да избира, бидејќи баш и не е најдобар во тоа, или пак не знае што прави, или пак и двете. Официјалните партиски кандидатури почнаа минатата пролет (иако Хилари уште од почетокот на вториот мандат на Обама), и сето ова ќе заврши летово на партиските конвенции кога ќе биде избран партискиот кандидат за изборите. Појаснување за правилата по кои ова ќе се случува.

Најлегендарниот шут од половина игралиште

Ова е прастаро (во интернет термини тоа се седум години) ама мора да се повтори за да се знае. Една од најдобрите вратки за претходна местенка меѓу пријатели од сајтот Колеџ хумор. Во игра се 500.000 долари и 18.000 луѓе.

Кога Американците видоа европски прозори

Заради некоја причина Американецов е подеднакво воодушевен од прозори во една куќа во Германија, како Индијанец што прв пат држи огледалце во рака. А прозорите стварно не се ништо вонредно, прозор ко прозор, се отвора.

Без очи. Без раце. 10.000 чуда.

Двајца најдобри пријатели од едно кинеско село. Едниот го изгубил видот, другиот уште од детство нема раце. Но, имаат заедничка мисија. Да садат дрвја. Тоа го прават уште од 2002 година, досега шума имаат засадено.

Карл Саган за вонземјаните

"Таму некаде, нешто неверојатно чека да биде откриено", има кажано најпознатиот астроном на светот. Ова е едно анимирано интервју со него. 

Деконструкција на рапот

Фина 12 минутна анализа на развојот на рапот односно менувањето на римите, ритамот, конструкцијата на речениците. Од Куртис Блоу па до Кендрик Ламар и субверзиите на МФ Дум.

Драга, слободно фрли го лопатчето

Мажјаци, не бидете шконтари и циции, купете ѝ нешто кое ќе ѝ покаже дека длабоко и искрено ја цените. А метла може и сама да си купи. 

Крадци против Јелен пиво

Некаде низ Србија пијани крадци сакаат да ограбат фрижидер со пиво. Клучен збор - сакаат.

13 литературни класици со наслови од портали

Нивна среќа што успехот не им зависел од тоа да го привлечат нечие внимание на Фејсбук во рок од еден скрол на маус. За секој случај, еве и една порталска верзија на книгиве.

Умрено прасе: Eppur si muove

Јагне, прасе и друга макробиотика. Од рецептите во овој готвач нема баш да се најадете, но лудо ќе се забавувате и од срце ќе се насмеете.