веб класици

Спонзорско-бизнис романса

Има ли тука некој што заработува 500 илјади или повеќе? Или жена на таков човек? Може ли да ми дадете некакви совети? Излегував со бизнисмен кој заработуваше помеѓу 200 и 250 илјади. Но тоа изгледа и беше проблемот.

Оглас на девојка на сајт за лични контакти:

Каде грешам? Веќе ми досади цело време да кружам. Јас сум убава (спектакуларно убава) 25-годишна девојка. Добро сум образувана и имам класа. Не сум од Њујорк. Не сакам да се омажам за човек што заработува помалку од половина милион годишно. Знам како звучи тоа, но имајте  предвид дека со милион долари годишно вие сте во средна класа во Њујорк, па не мислам дека претерувам.

Има ли тука некој што заработува 500 илјади или повеќе? Или жена на таков човек? Може ли да ми дадете некакви совети? Излегував со бизнисмен кој заработуваше помеѓу 200 и 250 илјади. Но тоа изгледа и беше проблемот.

250.000 долари нема да ме внесат во елитните квартови. Знам една жена од часовите по јога која е омажена за инвестициски банкар и живее во Трибека. Не е ниту од близу убава колку јас, ниту пак е некој гениј. Па, што прави таа, јас што не правам?

Одговор на инвестициски банкар:


Сметам дека се квалификувам како дечко што одговара на твојот опис - заработувам повеќе од 500 илјади долари годишно. Еве како јас ги гледам работите:

Твојата понуда е едноставно очајно лоша бизнис зделка. Она што ти го предлагаш е едноставна замена: ти нудиш изглед во замена за моите пари. Добро и едноставно.

Меѓутоа тука е пресвртот. Твојот изглед со тек на време ќе почне да се губи а моите пари најверојатно во континуитет ќе продолжат да се зголемуваат. Всушност многу сигурно дека моите приходи ќе продолжат да растат а е апсолутно извесно дека ти нема ништо повеќе да се разубавиш. Па, во економски термини, ти си имот што е подложен на амортизација. Во Вол Стрит термини, твојата моментална позиција на пазарот НЕ би ја нарекле "купи и чувај".

Нема никаква бизнис смисла "да те купат" (што е токму тоа што ти го бараш), заради што јас повеќе би бил заинтересиран за ЛИЗИНГ.

Зделката што мене ми одговара е излегување, а не брак.

24 мај 2016 - 12:12