Освен еден нов рибарски мост, главните природни одлики на Јелоустон се комплетно зачувани преку 140 години. Тука можат да се видат истите пејсажи, истите камења и гејзири кои биле на тоа место и пред 14 децении.
Бидејќи Јелоустон истовремено е и туристичка атракција која само лани ја посетиле 4 милиони луѓе, изградени се и инфраструктурни објекти како патишта, хотели и продавници, но, луѓето кои го водат паркот водат сметка таа љубопитност да не пенетрира во самата суштина и недопреноста на Јелоустон.
Кога ги гледам и старите и новите фотографии ме смирува сознанието дека и моите деца и внуци еден ден ќе можат да дојдат овде и да ги видат истите работи", Вели Бред Бонер, фотографот кој неодамна ги реплицираше старите црно-бели фотки од Јелоустон.
А што се однесува до животните, не само што денес проаѓаат исто, туку и подобро од некогаш.