Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Што е разлика меѓу тебе и 83.000 луѓе?

Овие 83.000 имаат секс во моментов, ти не. Ова и уште неколку работи што се случуваат во светот во една минута.

Рециклирање стари сапуни може да спаси милиони животи

Од една страна, американските хотели фрлаат околу 5 милиони сапунчиња секој ден. Од друга страна, 2,2 милиони луѓе во светот годишно умираат од болести кои можеле да бидат спречени со користење сапун. Ви текнува? 

Гугл школа за новинарство

Ова е минимумот што треба да го знае секој со тастатура што инсистира да пишува / гуши по интернет. Курсот се однесува на техничкиот дел од работата со вести, како да најдеш, каде да најдеш, како да направиш мапа, правење видеа, дали е вистина или не, и слични. вештини. Има 13 лекции, кои сигурно некој би сакал да ти ги шитне како курс, и сите 13 се гага. Плус на крај полагаш тест, да видиш колку не знаеш.

Во лудо време кога само разговор и пиво помагаат

Можат ли двајца луѓе кои лично не се познаваат а делат крајно спротивни погледи на жешките прашања да седнат за по некое време да заклучат дека постојат многу повеќе работи кои ги поврзуваат отколку што ги раздвојуваат? Нека не ве обесхрабрува тоа што ова е, во крајна линија, реклама за пиво. Паметните ќе умеат да извлечат поука, на оние другине и буриња ум да истураш пред нив, џабе е.

Ќутењето како основа за стабилна врска

И сарказам, и масовни критики, и комплементи со навреда и уште серија алатки за сите вас во прекрасни пасив-агресив врски.

Гледај и плачи... и плачи

Некако ќе се помириш со делот дека си глуп и трошиш пари што ги немаш (за работи што генерално не ти требаат) ама такво е времето, и тогаш ќе дојде делот во кој ти покажува колку камата плаќаш и ќе плаќаш (не се исти бројките како кај нас, ама исто го јадеш) до крај на живот. Солзи сами капат прости ми...

Да живее другарот Сталин

Георгија (меѓународно), односно Сакартвело (локално) односно Ѓурѓистан по турски односно Врастан по ерменски (како Македонци кои 25 години го јадете калапот од Грците заради името, треба да знаете дека нив името Грузија страшно ги нервира) одамна е наштелувана на патот кон НАТО и евроинтеграција. Но, во бившата советска република уште има луѓе кои не можат да го прежалат Сталин. Да ве запознаеме со тажно-сентименталниот свет на нивните Чворовиќи.

Далечинската близначка на селфито

Ќе те слика со гласовна команда за да можеш да се наместиш вио својата најсекси поза. Ќе те слика за да видиш и како изгледаш од позади. Ќе ја замати позадината на сликата за ти да се истакнеш. И на крај ќе ти каже што подобро ти стои. Не се вика другарка, се вика Алекса и живее во облаци. Во следната верзија ќе одите и на кафе заедно.

Денот на мајката (за излегување)

По зборовите на еден пријател кој многу помирено ја призна својата капитулација: "oва е мојот живот сега". Другата страна не беше прашана за коментар.

Чистачот на гробови

Секоја недела човеков оди на локалните гробишта и почнува да чисти гробови на американски воени ветерани. Освен што чувствува должност кон непознатиот ветеран, за ова не добива никаков надомест, ниту пак некој го побарал тоа од него, а како што вели, да има време ова би го правел секој ден.

Храм на модерната европска цивилизација

Кратка историја на кафеаната, колку да се потсетиме зошто сите реакционерни режими отсекогаш сакале да ја зауздаат и стават под своја контрола оваа драгоцена институција на културниот живот.

За рамен стомак потребно ви е јаже

Не, не за да се обесите. Затоа што знаете да мамите со последното копче од панталоните, ќе си се врзете со сиџимка и ќе си терате.

Тркало во аптека

Неочекуван прекин на мирен деловен состанок во една турска аптека. Којзнае дали зборувале за „висок притисок“„колената ме вртат“ или „ѕиваната не ми држи како порано“.

Жива дојка проговара

Од латинска Америка стигнува една од најчудните кампањи за подигнување на свесноста за ракот на дојката. Бидејќи социјалните мрежи како Фејсбук се поконзервативни од цензорите на СССР и не дозволуваат да се појави женска пупка ни за добра кауза, овие го хакнале проблемот така што на цицките им ставиле усти. А на жена уште таму ѝ фали уста па ние мажите масовно да се замонашиме.

Расположенија за вас прекрасни мргуди

Има животни, има уметност, има природа, има пејзажи, има вода, има крајбрежје, има планина... и може, колку толку, ќе направи разлика. Точно дека не е исто како да си таму, ама па не дека за 1-ви мај ќе дочекаш понуда Тајланд за 30 евра "олинклузив".

Колку е глупост тоа што го јадеш

Посебно посветено на луѓе воодушевени од масло од тартуфи и "џус" барови, а има и други.

Живот администраторски

Тоа што вие сте престанале да читате BOFH не значи дека во меѓувреме систем администраторите почнале да се расправаат со технолошко просветлени суштества... Ни најмалку. Пак се истите пациенти, ама овој пат побројни.

Колку се лажњаци документарците за природа

Што се однесува до видеото сè е оригинал, барем во однос на снимката, нема компјутерски ефекти и слично. Ок, има многу монтажа во корист на приказната, ама видеата се автентични. Кај аудиото речиси сè е лажњак, ама па оди натерај тонец да и стави микрофон на бела мечка.

Тајсон за науката

Една од легендарните изјави на Тајсон која непогрешиво важи во секоја дебата меѓу науката и како и да се вика другата страна е "науката е во право, без разлика дали ти веруваш во неа или не". Ова е неговата порака по повод глобалниот протест против мешањето (на политиката) во науката. Тајсон = Нил Деграс Тајсон.

Популизам

"Кога луѓето гласаат како што ние сакаме тогаш е демократија, кога не тогаш е популизам" гласи апдејтот на дефиницијата за популизам од Џонатан Пај, па после продолжува околу изборите во Франција и популизмот и светот и луѓето и...

Замина Раша Попов

Во 84 година од животот деновиве почина Раша Попов, новинар, забавувач, учител и симбол на многу детства. Зборуваше тој и за Боб Дилан и Марк Твен, за Гуливеровите патувања и најдобрите француски вина, но и за ѕвездите, осаменоста, љубовта и вистината...

Ги оставив молерите сами во станот и подобро да не се вратев

Тој 6 август беше најлошиот ден во мојот живот. Добро, можеби не баш најлошиот ама сигурно најлошиот 6 август на сите времиња. Сè започна кога мајка ми успеа да ме убеди да не бидам во станот кога молерите ќе дојдат да фарбаат. Колку само се каев кога 15 часа подоцна ја отворив вратата и влегов во својата дневна соба.

Велешко мезе

subject: Velesko meze??? Da ne si ja bara UREDNIKOT beljata ???? !!!!

Истерувачи на Спирсови

Доколку синот се навлекол на трикотажна поп музика, на мајката ѝ остануваат ограничен број (радикални) опции.