Лингвистичко-социолошка анализа:
Пестицид (латински) - средство за убивање натрапници. Префиксо А пак
означува недостаток на својство, квалитет (а-социјално, а-ритмија, а-лал,
а-це итн.). Оттаму, терминот го слави отсуството на убиствениот инстинкт во
зрнестите плодови. Со оглед на тоа што истите се популарни токму заради
поттикнувањето на истиот (особено конзумирани во комбинација со мед),
можеме да заклучиме дека се работи за анти-реклама. Или можеби во еколошката оаза Велес и онака хемијата одамна и го завзела местото на логиката.
Спории - нешта кои се бавни, спори. Не е јасно дали се работи за вид храна која бавно се подготвува, бавно конзумира или има одложен медицински ефект. Можеби се работи за анти-западен став на велешани, симболично изразен преку отфрлањето на мануфактурната обработка на тутунот (Lenka lives!!!) и на - брзата храна. Плус, кој видел McDonalds во Велес? Тоа ти се вика отпор...
Исправка од читателка:
Спорија ти се семки (од тиква и сончоглед). Дедо ми викаше: „Спорија, дебармалска занимација”. То ваљда по утакмици и по маалски оговарачки збиранки пред врата, „пре рата” а малку по него, пошо по дома се џвакале поконкретни ствари, а у кафана Зора, кај шо се збирале „дебармалските” семкари, ко шо ги викаше истиот ми тој дедо, исто така не веруем дека џвакале спорија, некако не ми иде со шприцер.
Па така, во име на одржувањето на ориенталните традиции на грицкање семки (шо иначе ми идат на живци) и овој мој мал лингвистички прилог. А мојата единствена замерка на велешкото мени е шо шиткаат семки у кафана, па дури и ко апестициди.
поздравче
Марија
*****
По објавувањето на 'велешкото мезе', ни стигна писмо од еден велешки Дон Кихот. Цепки. Еве го писмото:
From: Viktor Buov [vbuov@yahoo.com]
subject: Velesko meze??? Da ne si ja bara UREDNIKOT beljata ???? !!!!
Zdravo,ovde Viktor od Veles, najverovatno urednikot sto go napisal ova za Veleskoto meze si ja bara beljata dokolku ne go povlece od web stranata na on.net.mk i javno da se izvini poradi ovaa ocigledna glupost sto e napisana.
1.'vo. Davate losa pretsava za gradot Veles,sto moze da se sluci Gradot ( opstina ) Veles, da podnese tuzba do On.net poradi narusuvanje na ugledot na gradot voedno i na ugostitelskite lokali vo Veles.
2.'ro. Ako e ova tocno, ima nadlezni za ova, a najmalku nadlezen on.net kako firma.
3.'to. On net,t.e. web stranata na on net, najverovatno ne e nekoj dneven vesnik za da informira nevistiniti vesti.Makar i da e, ne vrabotuvajte urednici na WEB strani, vrabotete novinari.
4.'to. Razmislete za ova, zato sto nema vaka da pomine.veruvajte. Vi blagodarime na kulturata na vasata firma i ugledni urednici koj ne znaat ni da se izrazuvaat javno ( na web) dodusa i dali znaat zosto sluzi web'ot.
Pozdrav
Нема да ви пренесам што сè му испонапишав во одговорот оти малку ми е греота за Виктор. Кратко, одговорот беше:
"Да. Уредникот си ја бара бељата! Ти, општината, угостителските локали и угледот сте на потег."
Трендо
п.с.: Го запазивте ли ова: "web stranata na on net, najverovatno ne e nekoj dneven vesnik za da informira nevistiniti vesti"
Срцка!