Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

После 27 години - Хаустор

Пет нивни песни од 1990 година досега биле во фиока а кога и да е, доаѓа време да се зачистат фиоките. Една од песните кои ќе се најдат на албумот „Досетливи мали чудаци“.

Проблемот со заљубеноста на медиумите во ракети и бомби

А Американците удрат некоја арапска пустелија со Томахавк, МОАБ или што и да е многу скапо и многу големо, снимката со траење на просечна ТВ реклама речиси инстантно станува мантра на сите американските новински телевизии. И ова е проблем затоа што луѓе природно почнуваат да навиваат за користење огнена сила за масовно уништување. Плус, и не се разликува многу од тоа кога другата страна на рипит гледа клипови од терористички напади.

Елон Маск како драчевски матурант

Пред 18 години, како млад и надежен милионер (со потпунки) кој си купува нова кола. Една година порано, на весниците им продава платформа за онлајн изданија, за која кешира 400 милиони долари. Денеска вреди 15,6 милијарди долари. 

Сиот тој силикон

Пластиката на Холивуд е името на ново реално шоу со 12 ликови во основа познати по својата способност да не им е гајле колку пластика имаат во себе и како изгледаат. А до тоа како излгедаат, ве дели еден клик.

Имаш 100 секунди да собереш сè што сакаш од продавница за електроника

Продавницата е полна, без правење иле, со Галакси, Ајфони, Мекинтоши, Канони и се што може да има еден маркет за електроника. Ти си со празни раце, и за твое добро, гледај да си со брзи нозе.

Ако сакаш да спасуваш животни само треба да не јадеш пилешко

За годишната исхрана на просечниот Американец се колат 25 животни. Од овие 25, 22 се кокошки / пилиња, па ако престанеш да јадеш пилешко, ќе поштедиш 22 од овие 25 животни, а притоа растот во консумацијата на другите животни нема да биде страшно голем. Кој вика тоа? Активистот за права на животни Мат Бел. П.С. 84% од луѓето што стануваат вегетаријанци, се враќаат на јадење храна од животинско потекло.

Драг ни е Борат, ама, Али Џи

Една видео компилација нè потсети зошто Али Џи е нашата омилена инкарнација на Саша Барон Коен. Во своите интервјуа тој користи една контра - аикидо техника, противникот не го победуваш со помош на неговата сила туку со помош на својата (радикална) глупост.

Крос-фит атлети вс. балерина

Никој не вика дека овие што вежбаат крос-фит се балерини. За почеток балерините се неспоредливо поподносливи од нив и ни приближно толку не гушат "да видиш денес каква серија пируети сум направила" или "тоа арабеската ама ми тргна денес". Исто така излезе дека ова балет било понапорно.

Приказна за шармот на Роџер Мур

Роџер Мур е еден од оние луѓе што ќе ги памтиме само во една димензија, како лежерен агент 007 кому му оди добро со девојки, а на лошите не им оди добро со него. Зад таа димензија којзнае што човек може да е, може идиот, може прекрасен лик. Има една супер интересна анегдота за него, која барем малку ја открива неговата секојдневна природа. Како се ближи кон крајот, приказната станува сè поинтересна....

А ќе речеш не може нешто да е поглупо од спинер

Како не може, а смартфон апликација за спинер? Виде. Без никакви предрасуди ја има и за Ајфон и за Андроид, па кој сака нека врти вртиуелно.

Совршената реченица

Има ли, на крајот на краиштата, нешто посуетно на светот од писател? Особено во моментот кога се гледа очи в очи со својата совршена реченица. Ох, боже, каква грозна, одвратна немоќ!

Пожарникарско, ситно

Кинезите сакаат да знаете дека се подобри од сите нас и дека еден ден цела планета ќе биде нивна. Па вучјак не можеш вака да издресираш ко они што имаат навежбано пожарникари. И уште поважно, за што може оваа вежба да им служи на пожарникари? Изненада да не дојдат сватови со музика?

Ѓубриња сте, ама фала ви

Само во Париз и околината годишно 4500 пешаци загинуваат во сообраќајни несреќи. Кампањата што ја прават на темата се базира на нешто налик "сув тренинг за сообраќајка", извади го некого од памет, па види дали ќе памти за друг пат.

Меланија - Доналд 2:0

Работен наслов: кога ќе ја однесеш жена ти на одмор каде што не и се оди / ај да изгледаме нормални пред роднините. Меланија и во Рим му направи ескиважа на Доналд.

Така говореше Мур. Роџер Мур.

За некои луѓе ти е криво што ќе ги нема макар заминале на завидна 89 годишна возраст. Така ни е за Роџер Мур, господин човек кому некогаш му замераа што изгледа преблаго за еден таличен агент на британската кралица. Ама на едно снимање како ќофте го има претепано Ли Марвин по што овој има изјавено „Го потценив, дечкото е карпа“. Роџер Мур, со зборови. Со свои зборови. 

Само вокалот на Крис Корнел од "Black hole Sun"

Извадени гитари, басови, тапани, клавијатури и сè што прави каква било мелодија, оставен само Крис Корнел. И звучи...

Си грешел и ти на работа, ама не како овие

Што е најлошо што си направил? Си пуштил порнич на меил од фирма? Си ја пратил понудата на некој од конкуренција? Си утнал една нула во пописот? Полека малку, дечкиве срушија цела куќа, ама не таа што требаше.

Каков прекрасен цреп

Сосема е можно овој младоженец да е обичен дебил и од сељачки мотиви да сака да покаже која е тука главен, ама, ваков дриблинг (и шеретскиот потег потоа) немаме видено уште од Милош Шестиќ. 

Ректум опус

Стварно немаме појма како да го оправдаме објавувањето на следнава содржина освен дека нам ни е тотално урнебесна! Ве молиме, не се откажувајте по првите звуци. Уметноста бара жртви.

Не баш матурантски слики на денот

„Ќе снимам фаци додека имаат оргазам“, решила 24 годишната фотографка Алина Освалд за својата дебитантска фото - изложба и тргнала во поход по заинтересирани младинци и младинки од Берлин. Фотките се готови и јасно е дека зад нив стои доста рачна работа.   

Советско диско на отворено

Годината е 1989-та. Од една страна на железната завеса Лени Кравиц и Стоун роузис ги издаваат своите деби албуми, на рипит се вртат „Like a Prayer“ на Мадона и „You Got the Look“ од Роксет, Нил Јанг и Дилан прават камбек албуми, Ред хот од четврти пат успеваат да влезат во листата топ 100, Квин си грмат, Бисти Бојс си газат а разгалената западна младина во задимени клубови полни со алкохол и дроги ги слуша овие музики. На другата страна на завесата, вака:

Таргетирано вежбање

Одбирате дел од телото кој сакате да го стегнете, дефинирате или набилдате и веднаш во гиф ги добивате вистинските вежби за таа група мускули. А вежбите прекрасни, би можеле со денови да ги гледаме.