Не баш матурантски слики на денот

„Ќе снимам фаци додека имаат оргазам“, решила 24 годишната фотографка Алина Освалд за својата дебитантска фото - изложба и тргнала во поход по заинтересирани младинци и младинки од Берлин. Фотките се готови и јасно е дека зад нив стои доста рачна работа.   

„Моменти“ е насловот на првата изложба на фотографии на младата фотографка и како што е ред, во каталошкиот опис ќе најдете големи зборови за сексуалноста, општеството, перцепцијата, стереотипите.....

На поприземно ниво, се работи за серија фотографии на дечки и девојки од Берлин снимени додека свршуваат. Моделите не се професионални (таквите веќе се во порното; без големи зборови за општеството) а биле наоѓани на муабет по кафани и дискотеки. Потоа Алина им доаѓала дома со шише вино па ќе поправеле муабет за опуштање. Кога ќе дошло време за работа, некогаш излегувала од соба за да им даде фора па се враќала кога се загреани, некогаш останувала со нив, некогаш тие си ги викале и партнерите за да им помогнат да се доведат во состојба за сликање.

Во секој случај, работата завршувала со хепиенд.

   

22 мај 2017 - 10:07