Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Интернетот прежали погрешен Менсон

За социјалните мрежи важи она што важи и за планетава. Вкупниот квоциент на интелигенција е константа, проблем е што него го делат сè повеќе и повеќе луѓе.

Што последно виде Спасителот од овој свет?

Бидејќи не се знае кому е продадена, можно е сликата на Леонардо за која беа дадени 450 милиони долари и следниве 500 години да ги помине како и последните 500, во приватни колекции, далеку од очите на јавноста. Аукциската куќа Кристи пушти интерсно филмче за тоа како му изгледа светот на Спасителот, од она што можел да го види во она кратко време додека беше јавно изложен.

Пица за комшијата

Ни станува јасно зошто на Јапонците им требаа шест и пол години да го најдат стопениот ураниум од Фукушпима или зошто Кинезите им купија четири од шесте најголеми прозиводители на телевизори. Други вештини сега тие развиваат.

Вклучување во Црн петок

За во понеделник да може како за плескавици од Пивофест да се објават бројките за тоа колку е успешен Црн петок во заработување пари, треба народ на Црн петок да се потепа за да купи нешто. Според клиповиве, народот си ја заврши својата работа.

Порно за вас, прекрасни скопски улици

Како за луѓе со неколку децениски стаж во пешачење или возење на улиците на Скопје речиси и да нема некое поегзотично видео од местење на совршено рамна шахта.

Направи сам, викендичка за 6 часа (и 28 илјади евра)

Не е нешто ефтино, ама изгледа многу научна фантастика. Имаш три големини, од кои најевтината е со површина од 27 метри квадратни. Одиш, потпишуваш договор и во рок од 10 дена ти праќаат дизјан за тоа што си побарал. За уште 60 дена ти ја испорачуваат. Кога ќе стигне на плац им треба 6 часа за да ти ја постават. И изгледа крајно солидно.

Како изгледа паркирањето во Њујорк

„Немој ни да си помислил да паркираш овде“ е кратко и забавно филмче за тоа што мислат локалците за оваа заебанција во нивниот град. Еден паталец вика дека е скроз нормално човек кој успеал да стигне на забава, на забавата цело време да се одушевува какво добро паркинг место нашол.

Кошмар со големина на гаража

Ако до сега сте верувале дека во светот нема никаква потреба од постоење на напалм дозволете да го приложиме клипов како контра-аргумент - осило, ужасно масовно.

Грди локации и добри фотки

Фотографиве стануваат фела која е крајно упорна да покаже дека за да си добар фотограф, најважно е да си добар фотограф. Односно дека не е важно каква опрема имаш, каде фотографираш, што и кого фотографираш. На тема локација, девојкава сака да ја докаже поентата со фотосесија сред маркет за алат и слична опрема.

Си бил дизајнер и седнал на состанок со клиентот

Клиентот има просто барање, сака да му се нацртаат 7 црвени линии. Ама... некои да бидат зеленкасти, некои транспарентни и сите да бидат перпендикуларни меѓу себе. Посветено на сите дизајнери што треба да разговараат со клиент.

10 години од сега

Не, Амазон нема да доминира со секоја можна индустрија. Да, Епл уште ќе вади Ајфони. 12 топ американски ЦЕО-а (Нетфликс, Дизни, ХБО, Инстаграм...) за Ванити феир предвидуваат како ќе изгледа светот. Според ЦЕО-то на Дизни, дури и за 50 години Дизни уште ќе прави филмови од Војна на ѕвездите серијалот.

Не сме нешто работници, ама можеме да погледнеме

Технички штракање на тастатура е мануелна работа, практично, да не се лажеме, не е, ама па за тоа знаеме да најдеме луѓе што стварно го вадат лебот со раце и се совршено вешти во тоа.

Уапсениот кој треба да има свое шоу

Сме виделе вакви сцени на апсење (хинт: Воденица, брат Љубе, откако „го наместија“ со помош на мистериозна сила која му ја мрдаше раката накај ковертот), но не и некој вака да го задржи својот заебантски дух додека го апсат. „Уууу, јак си“ му вика на пандурот и после го потсеќа дека и „најсилните имаат своја нежна страна“. Цар.

Како беше продаден Да Винчи за 450 милиони долари

Наддавањето за сликата од Исус создадена во 1500-те години, започна на 70 милиони долари, заврши на 400 милиони, а разликата до 450 милиони е за најразлични давачки и бонуси што новиот сопственик треба да ги плати. Ова е една од помалку од 20-те уметнички фотографии кои денеска постојат, а за кои се верува дека се на Леонардо Да Винчи. Аукциската куќа Кристис вршеше пренос во живо од целиот настан, а подоцна и објави скратено видео од наддавањето.

Како изгледа 100-ката на Тесла за 1,9 секунди

Иако е крајно нефер да споредуваш електричен автомобил со автомобил со регуларен мотор (бензин / дизел), забрзувањето на Теслата секој пат до сега изгледа спектакуларно. Сега кога 0 до 100 од 2,5 го намалија на 1,9 ова веќе станува тешко за верување.

Најтажното и најубавото видео што може да го изгледа човек со БМВ

Видеото почнува со тоталка БМВ и човек со шмишајбна. Завршува со ганц ново БМВ пицнато за плац со спремна приказна „ абе професор го има возено во Германија, до факултет и назад“.

Кога Боб Марли пееше за Зимбабве

Марли ја има напишано песната како поддршка на марксистичко-ленинистичките и маостички борци за независност кои од некогашна Јужна Родезија го создадоа Зимбабве а Роберт Мугабе станува претседател. Речиси 40 години подоцна, Марли одамна го нема а Мугабе веројатно го има преспано воениот удар против него.

Оригиналите се преценети

Патот до добар фејк почнува од комплетна незаинтересираност за оригиналот, и со таква почетна позиција речиси и да нема крај на можните комбинации.

Основни лекции по паркирање

Прва лекција, немој да паркираш блиску до пруга. Прва лекција под Б, на тој што паркира блиску до пруга возот за ништо не му е крив.

Русиве ги решаваат најбитните проблеми на денешницата

Како да сипеш Кока кола а да не ти се направи цела чаша пена, па да чекаш пената да слегне за да ја дополниш чашата. Алатката која ќе ви помогне во тоа не е руска ама размислувањето е.

До сладолед никој не дошол потешко

Сме виделе ранети предатори и деца во Африка како полесно доаѓаат до оброк од овој кутар дечко. Викаат, од тогаш само на стапче јаде.

Кругот е малечок, а елените се стока

Иако елените како вид имаат фатено глобално добар пи-ар, работите во Јелоустоун тргнуваат значително на подобро откако во паркот се ослободени 14 волци, кои се толку ефикасни во маскарирање елени што целата популација почнува да бега од дотогашните живеалишта и да се крие во понедостапните предели. Само по ова, започнува комплетната „ренесанса“ на паркот.

Сè што треба да знаеш за себе

Или: зошто најнекомпетентните луѓе мислат дека се најдобри.

Ако Гугл беше човек

Странката: Дали вакцините предизвикуваат аутизам?
Гугл: Имам еден милион резултати кои викаат не, и еден резултат кој вика да.
Странката: Знаев!