Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Пилкингтон на утринска

Човекот кој го прогласивме за наш Буда, господар на здравиот разум, шаолин мајстор на способноста ништо да не може да те одушеви, Карл Пилкингтон, има ново шоу и сега шета малку по телевизии да го рекламира. „Sales“ поентата му е генијално искрена: ако ви се свиѓаше она што досега го правев, ова новово нема да ви се свиѓа.

Капачињата останаа беа работа

Задоцнета но праведна одмазда за сите истурени пијачки, флекосани алишта, недолжни камчиња и дебело превиткани картончиња. Ако за ова ни требаше толку време, колку ќе ни треба за ракот?

Прогресија на една кариера

Човекот се вика Џејкоб Пауда и во некои блесави тинејџерски времиња решава да влезе во некоја од локалните банди и никогаш не излегува од таму. Во март 2017 Пауда е на 31-годишна возраст, и на судење добива 15 години казна затвор. Сè што треба да знаете за развојот на неговата кариера е евидентирано низ слики од негово притворање.

Јерговиќ: Брисел реагира само ако им пипнете во банките

Им се ебе нив за тоа дали Хрватите ќе укинат слобода на медиумите. Брисел реагира ако им пипнеш во банките, во курсот на швајцарскиот франк, во Икеа...

Ако се туристи само да не се кинески

Ги има во сите големини, форми и лоши табиети, и тоа доволно лоши табиети за кинеската влада да се загрижи како тоа нејзините луѓе се однесуваат надвор од земјата. И овој пат кинеската влада не претерува.

Штулиќ: За војната беше крив Бајага

Војнички другар и подоцна продуцент и спонзор на негови албуми вика дека Џони тврдел дека за војната во поранешна Југославија бил виновен Бајага. „Тој на луѓето им пееше „Зажмури“ а јас ги терав да отворат очи“ 

Адвокати за развод даваат совети за брак

Прво: бракот е како лотарија, па веројатно нема да добиеш. Ама ако добиеш тоа е толку добро што само за тоа вреди да се проба. Второ: 50% од браковите завршуваат со развод, ако ти кажам дека надвор има  50% шанси да паѓаат метални кугли, ти ќе останеш дома, нема да стапнеш надвор. Трето: да купиш куќа ќе ти дадат 50 формулари што треба да ги пополниш, што ти објаснуваат сè... кога влегуваш во брак не добиваш ни едно ливче, ни летка на која пишува „само што ја направи законски најважната работа во твојот живот.“ Има уште.

Женски вербални замки

Ако ти каже „добро“ или „немај гајле, јас ќе средам“ или ако само издиши... Ништо не е онака како што тебе ти се чини дека е.

Човештвото пред генерациски предизвик: сечење лубеница

Група од 50 рандом луѓе испречени пред една од големите непознатици на „пакувано на парче“ културата: како да исечеш лубеница на триаголници. За исполнување на потфатот имаат отприлика доволно алат за од балван да направат кауч на отварање.

Така беше или така се сеќавам?

На ТЕД веќе може да се сретнат секакви будалаштини (пред извесно време една цура објаснуваше дека педофилијата е сосема легитимна сексуална ориентација), но на таа платформа уште може да се најдат драгоцени и инспиративни погледи. Овојпат, нобеловецот Даниел Кенеман, автор на книгата „Мислење, брзо и бавно“, за загатката меѓу искуството и сеќавањата. 

Животни вистини

Никогаш не знаете кога ќе се случи, но често доаѓа моментот кога на работа сте сигурни дека до крајот на работното време нема да направите ништо продуктивно.

Генерацијата што не знае за уцвикување вс. генерацијата цвикатори

Ако нешто може да се научи од видеово тоа е дека под итно треба да се основа невладина организација, кризна група, советувалиште и засолниште за ранливата група на тинејџери криминалци претепани од 83-годишни пензионери. А ако не казна, пензионерот треба да мине барем темелна наобразба за маките на денешната младина соочена со вечната неправдина на пакосното зло познато како „животот не е како што ти си го замислуваш на 18 години“, по што како што е ред ќе следуваат семинари за градење доверба и разбирање меѓу двете страни.

Грешење како највисока форма на ласкање

Дечково си дава за задача да имитира 28 глобално познати комичари и на спектакуларен начин успева да ги утне сите до еден и притоа фантастично да ги скине.

Јас своето си го умрев

Преживеал удар од авион, зависности од дрога и алкохол, ментални крахови и нефункционални семејни сетапи, за потоа да стане експерт за фармација, неврологија, психологија и хипохондрија.

Од женска страна

Зошто мажените жени се подебели од немажените? Немажените доаѓаат дома, гледаат што има во фрижидер и одат во кревет. Мажените доаѓаат дома, гледаат што има во кревет и одат до фрижидерот.

Рехабилитација на „Бела чао“

Том Вејтс е во нова песна првпат после две години. Му гостува на својот дологодишен соработник, гитаристот Марк Рибо, кој неодамна имаше баш убав концерт во Скопје. Ја плетат старата добра химна на италијанските партизани „Бела чао“, онаа која малку ни ја огадија фејкерите кои со неа на своите медени усни го крчеа својот пат кон државното ухлебување. За среќа, можеме да бидеме сигурни дека Вејтс и Рибо не го прават ова за да бидат пиарџии во новиот состав на Белата куќа.

Чадор пазар

Се наоѓа во Тајланд a името го добива затоа што целиот пазар се собира како чадор во моментот кога низ него минува воз. Буквално низ него, на едвај 50-на сантиметри од тезгите минува воз. И така по осум пати на ден.

Кај што има волја, има и порно

Заради тоа што е мормон и религијата му забранува, дечково не може да гледа фотографии со порно и голотија. Заради тоа што е тинејџер и e попален, нашол начин како ем да не ја прекрши верата, ем да (мисли дека) гледа нешто голо. Техниката ја крстил "bubbling" и некако функционира.

Шанкерска економија

Да претпоставиме дека секој ден 10 мажи одат на пиво и на крај заедничката сметка им излегува 100 долари. Ако ја плаќаат сметката според начинот на кој ги плаќаат даноците, тогаш тоа ќе изгледа нешто вака:

Послание по Том Форд

Пет лесни лекции кои треба да ги знае секој џентлмен.

Што научив од мајка ми

- Мајка ми ме научи за правилата на осмозата.
"Затвори уста и јади ја супата."

Дали курвата (Ѓ. Балашевиќ) се враќа?

Многу е глупо кога не можеш нешто да провериш дали функционира затоа што на работа ја немаш потребната опрема. Па го објавуваш тоа на сајт, само за да се потсетиш на тоа кога ќе бидеш дома (иначе, ќе заборавиш). И сите да те видат што уствари те занима....

Битлси перфектно опишаа Македонец

Или па сме ние побудалени па во сè го гледаме локалното лудило, збунетоста и бесмислата кои веќе не знаеме ни да ги опишеме (без пцовки). Инаку, се работи за “Nowhere Man“, ја знаете, само да ја чуете сосе текст.

Испадна и домашна верзија на „Царот е гол“

Првата, професионална верзија ја имате тука а финтата е во тоа што публиката е инструирана да се преправа дека магионачарот стварно успеал да го снема човекот. Во домашна атмосфера тоа изгледа многу побрутално. Го збудалеа малиот.