Пред влегувањето во ЕУ, во Хрватска никој гласно не смееше а каже дека е усташ; хрватските политичари мораа многу да внимаваат на својот однос кон националните, сексуалните и сите останати малцинства. Меѓутоа, штом потпишаа доказ дека влегле во ЕУ, Хрватите сфатија дека веќе никому ништо не должат. Долгогодишното стегање конечно попушти и балонот пукна.
За жал, Брисел реагира само ако им пипнете во банките, во курсот на швајцарскиот франк, во Икеа... А за тоа дали Хрватите ќе укинат слобода на медиумите, баш им се ебе за тоа.
Звучи парадоксално, но со моментот на влегување во ЕУ, Хрватска престанува да биде моја земја, и она малку колку што дотогаш била. Додуша, штом ја минам границата на Брегана и влезам во Словенија, се чувствувам сјано. Во Хрватска уште се чувствувам лошо. Поточно, се чувствувам поразено.
Додуша, штом излезам од дома, веднаш се чувствувам како странец. Во Сараево можеби најголем странец. Сосема е природно најмногу да се чувствувам како странец баш онаму кај што сум се родил. Но, не се жалам: да се биде странец и да се нема амбиција да ве сакаат е одлична позиција за писател. Бидејќи не можете да пишувате и постојано да водите сметка да не повредите некого, што е предуслов за да бидете сакан. Книжевноста, едноставно, мора да биде во конфликт.
Миљенко Јерговиќ за српски Њусвик