Од женска страна

Зошто мажените жени се подебели од немажените? Немажените доаѓаат дома, гледаат што има во фрижидер и одат во кревет. Мажените доаѓаат дома, гледаат што има во кревет и одат до фрижидерот.

- Зошто мажите се женат?
За да не мора повеќе да го вовлекуваат стомакот.

- Како да натераш маж да прави стомачни?
Стави му го далечинскиот меѓу прстите на нозете.

- Зошто вицовите за глупи плавуши се кратки?
За мажите да можат да ги запаметат.

- Колку мажи се потребни да сменат сијалица?
Пет. Еден за да ја заврши работата и четворица за да го слушаат како се фали што направил.

- Зошто мажите купуваат електрични косилки за трева?
За да можат да си го најдат патот до дома.

- Зошто мажените жени се подебели од немажените?
Немажените доаѓаат дома, гледаат што има во фрижидер и одат во кревет.
Мажените доаѓаат дома, гледаат што има во кревет и одат до фрижидерот.

*****

Мажот го прашува Господ: "Господе, зошто ја направи жената толку убава?"
Господ одговара: "За да можеш да ја сакаш."
"Добро, ама зошто ја направи толку глупава," прашува мажот.
"За и она да може да те сака," одговара Господ.

13 септември 2018 - 10:29