Нема ништо погрозно од моментот кога на сред кавга ќе сфатите дека не сте во право.
Комплетно си го барам назад сето она време кога ме тераа а не сакав да спијам.
Дали беше корисно да се научат буквите?
Мапите за патување треба да почнуваат од 5-та точка. Секој знае да излезе од сопствената улица.
Не се сеќавам кога последен пат не бев барем малку уморен.
Лошите одлуки пишуваат добри приказни.
Никогаш не знаете кога ќе се случи, но често доаѓа моментот кога на работа сте сигурни дека до крајот на работното време нема да направите ништо продуктивно.
Се преплашувам секој пат кога излегувам од Ворд, а тој ме прашува дали сакам да ги зачувам промените во својот технички извештај од 20 страници, во кој, се колнам дека ништо не изменив.
Мразам кога пропуштам повик баш во моментот кога ќе се јавам а од другата страна ми прекинале. И кога во истиот момент ќе свртам, ѕвони милион пати а никој не се јавува. Што точно направи откако не ти одговорив - го фрли телефонот и побегна?
Мразам кога излегувам од дома во најдобро можно издание а цел ден не сретнувам никој што го знам. Штета.
Некои броеви ги имам во мобилниот само како предупредување никогаш да не им кренам кога ќе ми ѕвонат.
Постои многу изразена потреба од саркастичен фонт.
Понекогаш кога гледам филм што го знам од детството сфаќам дека всушност немам претстава за што се работи.
Попрво ќе однесам 16 кеси во двете раце, отколку неколку пати да се враќам до автомобилот.
Многу тешко е да се одреди разликата меѓу досадата и гладот.
Одличен е тој братски дух, кога цела колона автомобили се обидува да спречи некој што сака да се уфрли. Држите се наши.
Може само на мене ми се чини, но средношколците се сè поглупи и поглупи.
Ништо не е полошо од онаа милисекунда додека седите на столиците и мислите дека ќе умрете бидејќи премногу сте навалиле.
Кога возам ги мразам пешаците, кога одам ги мразам возачите. Меѓутоа, кој и да сум во тој момент, секогаш и без исклучок ги мрзам велосипедистите.
Некогаш 3 пати по ред гледам на часовник а и понатаму не знам колку е часот.
На луѓето некогаш им е потребен и половина час за да ги најдат клучевите во џеб или телефонот во торба. Но секој, во делот од секундата може да го најде будилникот и да го изгаси, од прва и тоа со затворени очи.
Кога ќе умреш, основната задача на најдобриот пријател е веднаш да ја избрише интернет историја на нашиот компјутер и сите непријатни сајтови кои сме ги посетувале.