1. Добро
Ова е зборот што жените го користат за да завршат некоја расправа кога се во право и кога ти треба да заќутиш. Точка.
2. Пет минути
Ако таа се облекува, ова значи половина час. Од друга страна, пет минути со точност на атомски часовник се пет минути, ако толку ти дале да погледаш фудбал пред да треба да станеш и да завршиш некоја работа.
3. Не ми е ништо
Ова е примирје пред бура. Ова секогаш значи нешто и треба постојано да бидеш на штрек. Расправиите што почнуваат со „не ми е ништо“ обично завршуваат со „добро“.
4. Како сакаш
Ова е предизвик, не е дозвола. Немој да го правиш тоа!
5. Гласно издишување
Иако не е збор, сепак тоа е невербална порака што мажите честопати погрешно ја разбираат. Гласното издишување значи дека таа мисли дека си идиот и се прашува зошто си го троши времето со тебе.
6. Ок е
Ова е една од најопасните изјави што еден маж може да ги чуе од жена. „Ок е“ значи дека таа сака да размисли подолго и посериозно пред да одлучи како, кога и колку ќе бидеш казнет за твојата грешка.
7. Благодарам
Жена ти се заблагодарува. Немој да примети дека се сомневаш во искреноста или дека ти е нејасно зошто. Само одговори - повели и друг пат. (Еден важен исклучок, доколку ти рече „Е баш ти фала“, знај дека се работи за сарказам и дека воопшто не ти се заблагодарува. Во овој случај, никако не одговарај со „повели и друг пат“ бидејќи ова ќе доведе до „сеедно“.)
8. Сеедно
Ова е женската верзија на „Еби се!“
9. Немај гајле, јас ќе средам
Уште една ужасно опасна изјава, која значи дека жената неколку пати го замолила мажот да заврши некоја работа, за на крај таа пак да мора да ја заврши. Ова подоцна ќе доведе до тоа мажот да праша „Во што е проблемот?“, на што од жената ќе го добие одговорот под број 3.