Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

2021, годината кога Брус Спрингстин ја сними својата прва реклама

Џип некако успева, по основа пари плус содржина, да го убеди Спрингстин за прв пат во својата децениска кариера да сними реклама. Парите не се познати, содржината е, 2-минутно обраќање на Спрингстин од некоја пустелија до Американците за обединување на нацијата - „Да се најдеме на средина“. Плус останатите Супербол реклами што успеавме да ги фатиме.

Како ли му било на цимерот на Роко Зифреди?

Џордан Питерсон објаснува зошто среќата и задоволството од себе не секогаш одат паралелно со успехот: затоа што како што некој се качува по хиерархијата, така се менува и групацијата на луѓе со кои се споредува. Питерсон се познавал со човек кој по сите параметри бил исклучително успешен па сепак не можел да ја прегрми својата ахилова петица: што бил цимер со Елон Маск.

5 фази на држење диета

6-та (и крајна) фаза, бараш работа на која дозволуваат одење со тренерки / шорцеви во зависност од годишното време.

Скијачки ужаси и кошмари

Моментот кога скијач паѓа во процеп во снегот на една дива патека на Алпите. Бидејќи имаше среќа, и бидејќи се Алпите и сè функционира како што функционира, дечкото стигна и да го аплоудира видеото на Јутјуб.

26 минути со Трамп

Ова видео од сослушување на Трамп за случајот кога тој и неговиот универзитет беа осомничени за измама, е најавено како доказ колкав е тоа лажов и неранимајко. Меѓутоа, истовремено ќе видите каков тупаџија е тоа иследникот! Некој од нас, во некој момент, сигурно би му рекол: Дај бе дечко, скини ми се скурца.

Кај што за старите нема утрински емисии за да се јавуваат

Хенфорд е една мала и безначајна месна заедница во Англија, близу аеродромот во Манчестер. Но, тоа што се мали, не е причина да не се запукаат на големо! Некој снимил каков џумбус изгледа ЗУМ состанок на нивен комитет за планирање и околина (групно имаат околу илјада години). Не ги познаваме лично, ама сигурни сме дека нивните еквиваленти од Чешиново - Облешево, за овие се - лордови! 

Мајаковски: Десетка за револуција

Рускиот поет Владимир Мајаковски (1893-1930), во далечната 1909 година, на своите сограѓани им плеска 10 пораки за револуцијата. За тие десет пораки, добива 10 месеци затвор.

Денот кога сте спремни за комшиите

Комшика редовно го серела кучето во негов двор, без после да го собере даунлодираното. Камера, сирена и магафон е сè што треба за некому да му дојде памет.

Поинакво видео за Навални

Пред некое време го објавивме возбудливото видео на кое најпознатиот руски дисидент Алексеј Навални (тазе осуден на 2,5 години затвор) успева да добие на телефон еден од оние за кои тврди дека го труеле со намера да го убијат. Ама, видеа имаат и овие од ФСБ, наследниците на КГБ.

Ова се нивните џамлии и ластик?

Да видите едно детенце кое двај оди ама затоа веќе во главата му е всадено дека насекаде има опасни бактерии и вируси, па во сè наоколу гледа средство за дезинфекција.

Зошто некој воопшто би трошел чипови?

Нeколку истакнати специмени на најинтелигентниот вид на планетава биваат прашани како им е склопен пасвордот. Се разбира, никој не бара од нив буквално да ја кажат лозинката, не, не... Не се тие толку глупи.

Babystruck!

Татко цела година го снимал малото синче како пушта бебешки звуци. Па седнал и од тој материјал скоцкал песна од AC/DC.

Друг е виновен

Новата влада, штотуку седната наоѓа дупка од милијарди евра во јавниот долг оставена од претходната влада, а претходната влада, незадоволна од овие тврдења, ја обвинува онаа пред неа, а оваа пак таа што дошла пред неа, сè додека не стигнат до влада временски толку далечна што сите нејзини членови се мртви, а и тие, од гробот негодуваат дека виновни се оние што биле пред нив.

Отворете ги школите!

„Вие ста банда кукавици кои се кријат зад нашите деца кои ги користите како алиби“ му порача на школскиот одбор родител кому му е преку глава тоа што наспроти статистичките сознанија, школите и натаму се држат затворени. А после поштено им се насра.

Човекот кој живее од што е мртов

Чак Ламб признава дека нема никакви вештини и таленти но успеал да најде „бизнис модел“ од една своја карактеристика која ретко кој човек би ја сметал за предност. Тоа што има некако мртва фаца.

Агрегатор на вести со штимер

Агрегатори на вести знаат да им бидат многу корисни на оние луѓе кои ги занима што е она за кое сите пишуваат. Истовремено, агрегаторите се апсолутно досадни за оние кои не би да се бават со општи теми кои сите ги преџвакуваат. Разликата е отприлика како меѓу оние кои слушаат музика од топ листи и оние кои знаат што музика сакаат.   

Чуда се случуваат... ретко

Потресна ем срцепаралателна приказна која почнува така што една млада девојка во автобус му го отстапува своето место на дедо. За подоцна случајно да го види истиот дедо после интервјуто за работа. Ах, пресврти, пресврти....

Најголемиот непријател на слободата

Најголемиот непријател на слободата не е царот, робовладетелот ниту пак гоничот на робови.

Сестри, браќа, еден живот е

„Како што чмаеме сите по дома, распрснати по светов, со новонастанатиот страв од дружба, блискост, песна и боемштилак поради чумава што нè мори веќе година дена, секој зрак светлина е мелем за душата“,  ни пишува читател праќајќи ни песна од четворица другари, три локации, два пара браќа и една порака.

Марш на Дрина, бјутифул верзија

Објавувањето на српска патриотска песна мотивирана од Церската битка во Првата светска војна, некои глупи комшии можат да го сфатат како доказ за нечие србо-мрбо филство ама, се познаваме ние добро за да се правдаме било кому.

Пирс Морган против британскиот Филипче

Повод се укинатите бесплатни школски оброци кои беа вратени по иницијатива на 23 годишниот фудбалер на Јунајтед, Маркус Рашворд. Наравоучение: сите политичари се исти, сите новинари не се.

Ларс фон Трир: ОК, наци сум

Фамозниот скандал во Кан со данскиот режисер кој така маестрално се уплетка во непотребно срање, што ни тој ни другиве не знаеја како да се извади барем нерешено во ситуацијата. После ова, организаторот на фестивалот го прогласи за персона нон грата.

Господе, дај ми знак

За сите оние кои не само што едвај дочекаа да се отарасат од онаа лоша 2020-та година туку имаат и некое убаво чувство дека оваа, 2021-ва година, ќе биде многу, многу подобра.

Жени кои се подопуштиле

Ултра шармантниот водителски пар на утринската британска емисија „This Morning“ знаат феноменално да уживаат во својата работа. Холи најавува дека ќе се разговара за вагинално подмладување а Филип само потсетува како се вика панелот.