Марш на Дрина, бјутифул верзија

Објавувањето на српска патриотска песна мотивирана од Церската битка во Првата светска војна, некои глупи комшии можат да го сфатат како доказ за нечие србо-мрбо филство ама, се познаваме ние добро за да се правдаме било кому.

Просто, слушнете ја оваа апсолутно романтична верзија на таа песна (насловена како Little Soldier Boy), со променет текст, ист ритам но аранжирана и оркестрирана во најдобрите традиции на американските шлагери. Изведува Пети Пејџ, најпродаваната американска пејачка во 50-тите години.

Ставајте каранфил меѓу заби и денс среде дневна.

 

16 јануари 2021 - 20:04