Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Како изгледа снег во Мадрид?

Во Мадрид паднал снег после 61 година! Некој многу спремен за тоа, некој скроз неспремен, ама снежни лудости на сите страни. И како доказ дека не сме само ние такви, се разбира дека и таму одма се најдоа такви од снегот да направат кур.

Кога роговите ќе проговорат

Џејк Анџели брзо бидна најпрепознатливата фигура на оној приглуп упад во Капитол (во кој „револуционерите“ рафално пукаа селфија) и можеше да стане постер бој, ако не отвореше уста. Дечкото се смета за мултидимензионален шаман кој фаќа различни фреквенции и кому постојано му е отворено третото око. Ок е Анџели, толку од тебе.

Полска пее југословенски

Неколку децении откако Џони Штулиќ во песната „Пољска у моме срцу“ ги испочитува со стихот „Полска никогаш нема дадено квислинг“ (елај за Македонија кажи го тоа), Пољаци возвраќаат со преработка на „Балкане мој“. А не е само тоа, ќе чуете, одлични работи.

Балканска лекција за репортерска искулираност

Како во најлудите скечеви на Топ листа надреалиста или некоја од оние сатирични „вести од иднината“, група американски демонстранти во Вашингtон бараат од балкански репортер и неговиот медиум да ја зборуваат вистината. Само што не е скеч и не е иднина.

За потеклото на терминот „Hangover“

Во раните години на 20 век, во големите градови на Европа имало куп бездомни, сиромашни и често пијани жители кои не можеле да си приуштат кревет за спиење, ама капитализмот и за нив имал решение. Во Лондон, за само 1-2 пени, човек можел да се спружи на ортома и да преспие слатко како пешкир, за да не биде на земја, пошто влече тоа циментото. Во пет сабајле, „рецепционерот“ им ја сечел ортомата.

Не пропуштајте ја оваа понуда: Сухои 57

Од сите наброени карактеристики на петтата генерација на рускиот воздушен ѕвер, запамтивме само дека може да следи 30 цели истовремено, што искрено нè фасцинира пошто ние се губиме после три отворени табови на Порнхаб. Ама затоа ни падна во очи начинот на кој Русите усвоиле една друга западна технологија: презентирањето.

Автомеханичарски Шазам

Супер забавен концепт на еден сајт, иако, пошто трупови, појма немаме дали навистина е од помош. Идејата е преку сомнителниот звук кој го случате од вашиот автомобил да пробате да дијагностицирате во што е маката. Ќе одберете од кој дел доаѓа звукот, ќе слушнете неколку семплови и ако го најдете вашиот звук, ќе читнете што би можел да е проблемот. 

Звукот на водата наспроти звукот на ракијата

Веројатно знаете каков звук се добива кога со малку наводенет прст благо минувате по работ на широка тенка чаша. Кога истото се прави со чаша ракија, станува комплетно јасна различната култура која ја градат овие две благородни пијачки.

Аеро-такси во Кина

Леталата се автономни. Не знаеме дали се нарачуваат со титки.

Блазе си им на Обама

Бидејќи како и сè друго, во 2020 година беше откажано редовното декемвриско гала-доделување награди за животно дело за уметнички придонес кон американската култура, да се потсетиме на еден од најмонументалните музички моменти од Кенеди центарот, оргазмичната преработка на Stairway to Heaven, со Ен Вилсон на микрофон, помладата сестра Ненси на гитара, Џејсон Бонам на тапани (да, синот на Д Џон Бонам), ергела грла во хор, а во галерија - тие што треба.

Алис Купер во новото нормално

Човекот кој некогаш кинеше глави на кокошки на концерти, денес звучи како Битлси и пее дека нашата љубиов ќе го промени светот. Некому му звучи како првиот албум на Меднес а некој за ова мисли дека е новата химна на кансел културата. Чујте па ќе мозгаме.

Упатството за чистење снег што го заслужувате

Ако времето може да глуми велигденски температури на Нова година, и ние можеме да глумиме дека е неопходно да споделиме упатство за чистење снег од кола, не толку заради упатството колку што е заради водителот, очигледно гневен на сè што видел на улица дента кога одел на работа.

Партибрејкерс: Иди док си млад

Ако сте фанови на Цане и Партибрејкерс, ќе помислите дека е ова некоја нова нивна песна. Ако пак сте фанови на Цеца, насловот ќе ви звучи познато. Тука сме. Песната од Цеца, отсвирена во стилот на Партибрејкерс! За инает на оние надмени верглачи кои се убедени дека со самото тоа што не можат да поднесат ништо од Цеца, ја демонстрираат својата естетска супериорност. Ете затоа обожаваме вакви бласфемии.

Секаде нè има, само дома нè нема

Македонска музика, отсвирена во предградие на Лос Анџелес за еден црногорски фестивал, од еден српски гитарист и виолинистка порасната во Сан Франциско. Мирослав Тадиќ и Ивет Холцварт. Саат време опасни прекраснотии.

Трка на градовите

Како растеле и опаѓале 15 најголеми европски градови во нашата ера, од прва до последна година. Истанбул има јак финиш. На почетокот на првиот и на вториот милениум, ќе видите и македонско знаме, за Филипи (кај Тасос) и за Охрид (кај Пустец). Во третиов милениум веќе ни е досадно да се тркаме.

Зошто експерт за технологија се откажа од смартфон и зема глуп-телефон?

По 16 години редовен натпревар за што е можно понов смартон, Мат Давела сега нашол нешто поважно од најновата камера / екран / процесор, а тоа е личен мир и спокој, па ќе се проба еден месец да користи мобилен телефон, кој е само мобилен телефон. Ако не ви се преземаат вака радикални мерки, може за почеток да пробате со гасење на нотификациите од сите социјални мрежи и месинџери (ко да криете швалер/ка) или телефонот да го земате во рака сам во одредени термини во текот на денот. Што и да е, само пробајте.

Трилер приказна на Алексеј Навални

„Ако сакавме да го убиеме, ќе го убиевме,“ ќе рече Владимир Путин во врска со за малку фаталното августовско патување на опозиционерот Алексј Навални од кое едвај извлече жива глава.

Дечкото со кавга во гитарата

Го имавме веќе во пар наврати ама фино го нагазил „жанрот“ и тера јако. Овојпат, како музичка придружба на тантрум на некој таксист. Беспрекорно!

Лос Анџелес сафари: во лов на инфлуенсери

Иако на снимката преовладува масовно присутниот вид на „Инстаграм дечко“, таа успева да забележи и неколку примерока на досега притаениот вид на „Инстаграм девојка“ која посветено го фотографира својот партнер во неговиот пат кон инфлуенсерска слава.

Понд. Џемс Понд.

После ова, кога ќе ја слушнете фамозната  музичка тема од филмовите со тајниот агент на кралицата, ќе ви дојде да си ставите црвена точка меѓу веѓи и да запалите некоја миризлива свеќа. Којзнае како би звучела „Розо моја црвена“ преработена за Џек Ричер.

Јапонци, јуриш!

10.0000 луѓе ја пеат Бетовеновата 9-та симфонија! Боли ова и малку тера на плачење, колку е моќно а невозможно, и од технички (фазни разлики и сл) и од сите други причини. Па кај нас Дац и Александар не можат вака да се синкаат. 10К Јапонци, на бран на моќната Деветка од Бетовен. Најсилната германско- јапонска коалиција уште од времето на... знаете кога.

Па ако не, да пробаме со две маски?

Оваа болештија не престанува одново и одново да нè изненадува. Таман нашироко се прифати дека маските се веројатно најдобриот начин да се заузда трансмисијата на болеста (дали од што многу почитуваме наука или од што многу лесно легнуваме на брашното, сеедно), од неа еве пак еден тонч! Да ви покажеме пар момента од данското искуство, од кои паѓаат во вода омиленитe македонски јадиковки дека народот ни е прост и не се разбира. Оди па разбери ова. 

Ако границите беа цртани по ДНК

Вакви работи душа дале да се извртуваат и со нив да се манипулира на ангро, ама па, денес со сè може да се манипулира а ова си е легитимна наука и нема што да се снебиваме.

Том је мало нервозан

Го снимиле (аудио) Том Круз како им се дере и мајки-шајки на работниците од екипата на „Невозможна можна мисија 7“ заради недоследно почитување на ковид протоколи. Ама да чуете вие дерење! Цела сајентолошка обука за смиреност и самоконтрола отиде доврага.