Не пропуштајте ја оваа понуда: Сухои 57

Од сите наброени карактеристики на петтата генерација на рускиот воздушен ѕвер, запамтивме само дека може да следи 30 цели истовремено, што искрено нè фасцинира пошто ние се губиме после три отворени табови на Порнхаб. Ама затоа ни падна во очи начинот на кој Русите усвоиле една друга западна технологија: презентирањето.

Некогаш за ова чудо ќе збореше некој наоблачен генерал со сонорен глас и сибирски мраз во погледот. Сега тоа го прави нивна Кели МекГилис која толку раздрагано ја продава приказната, ко да ни го нуди Су-57 со неповторлив божиќен попуст, ако се јавиме во следните 30 минути.

 

5 јануари 2021 - 09:06