Блазе си им на Обама

Бидејќи како и сè друго, во 2020 година беше откажано редовното декемвриско гала-доделување награди за животно дело за уметнички придонес кон американската култура, да се потсетиме на еден од најмонументалните музички моменти од Кенеди центарот, оргазмичната преработка на Stairway to Heaven, со Ен Вилсон на микрофон, помладата сестра Ненси на гитара, Џејсон Бонам на тапани (да, синот на Д Џон Бонам), ергела грла во хор, а во галерија - тие што треба.

Забележете го моментот кога ќе се открие вториот хор, а на Џими Пејџ ќе му се открадне едно искрено: Wow, fuck!

********

Кога сме веќе во Кенеди центарот, ежење е и Арета Френклин во 2015. Со или без бунда, со тоа гласот може да ве однесе кај сака.

 

2 јануари 2021 - 10:12