Кога Френк Запа го има прашано дали е стварно тоа за кокошката која завршила распарчена на негов концерт, Купер негирал на што Запа му има кажано ПР совет: „Добро, што и да правиш, само не кажувај јавно дека тоа не е вистина“.
*********
Пазете какво инфо добивме за видеото:
Среќна нова на сите. Во врска со постот, би сакал да ви споделам една занимливост. Всушност, видеото е правено во Кавадарци, а зад него стое тимот на скај ај ентертејмент, односно лирик видео департментот од оваа македонска компанија која на светскиот пазар се појавува под брендот 351 студио. Покрај за Алис Купер, во Кавадарци во изминатите 6 години колку што постои компанијата се правени видеата и на Бруно Марс, Роди Рич, Армин Ван Бјурен, Ники Минаж, Кели Кларксон, Аријана Гранде, Виз Калифа, Кори Тејлор. За видеото на Алис, идеата е на Боб Езрин, човекот, т.е. сега деденцето кој е вистинска институција во светот на музиката.
Даниел
п.с. еве линк од компанијата