Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

После мене - потоп

Да видите само во каков совршена хармонија е светот на алкохолот. Само мало пореметување на тој префинет баланс и отиде све у мајчина. Тоа човек го знае од искуството со онаа непотребна „ај по уште“. Овде тој „џинџер дисбаланс“ го имаме хардверски.

Злото меѓу нас

Језиво кога ќе помислиш дека за некои деца (и тоа во цивилизирани земји) и ова е брутална реалност. Сцена од минувачка која случајно спасува англиска ученичка која бива одведена од школо за орално да го задоволела монструмот. Ретко објавуваме вакви вознемирувачки содржини ама заради памет во глава; да не заборавиме во каков свет живееме. 

Судење на еден паразит

Во Советскиот сојуз имало кривично дело паразитизам за кое се одговарало заради неправење ништо корисно ни за себе ни за другите. „За такви нема место во нашата заедница!“,ќе порача државниот спикер. Вака изгледало судење на еден таков лик кој денеска би бил легитимен твитерџија, инфлуенсер или регуларен кмишач на социјални мрежи.

Како изгледаат најбезбедните сервери во Европа

Дата центарот кој нагалено го викаат швајцарскиот Форт Нокс е сместен во утробата на швајцарските Алпи, со мулти-левел заштити и автономност за која велат дека е булетпруф за какви било човечки или природни белји.

Нема вакви на Евровизија

Ни погруба реалност ни понежен глас. Човекот е работник во вулканизерска работилница во руската област Челјабинск и работи од утро до мрак за да отплати кредит и да го подигне син му. Другари и другарки, Алберт Галимов.

Ортопед хирург вс. масери / местачи

„Ринг дингер“ е техника користена од масери / местачи и значи декомпресија на 'рбетен столб, односно нагло душманско потегнување, главно за врат, за уште понагло „декомпресирање“. Овој што ќе зборува и рецензира видеа на темата е ортопед хирург др. Крис Рајнор.

Стигна плата!

Извадок од репортажа за денот на делење плата во железарата во Зеница од 1970-те. Мажи беа мажи кога цела фамилија на ден на плата те чека пред влез на фабрика преплашена да не ја испиеш цела плата во една вечер, сè после тоа е лајт верзија.

#CancelGoogle

Унгарскиот јазик нема родови па преведувачот на Гугл претпоставува кој што прави, односно кој е тука машко а кој е женско. Пазете како го прави тоа и кои се резултатите.

Бавната храна на Алвин Жоу

Кај него ќе прегладнете и ако отидете најадан и ако отидете носејќи маренда со себе. Алвин Жоу се занимава со бавна храна, ама не бавна како што мислите, туку бавна - бавна.  

Заедништвото во Израел

Како што ја разбравме приказната, се работи за израелски патнички авион чиј екипаж наредил родители на едногодишно беебе да го напуштат леталото бидејќи одбивале на своето едногодишно бебе да му стават маска. Така ли? Е па тогаш, сите си одиме.

Како да се разликува природно од вештачко вино?

Првпат слушаме и ја гледаме оваа финта, ама ако на Јапонци треба да им се верува за суши а на Турци за казандиби, за алкохол Русите се авторитетот.

Зошто не е едноставно да се споредува ефикасноста на вакцините

Јасно ни е дека во Македонија да се зборува за финеси меѓу вакцините е исто како како да се расправа за мекоста на влакното кај Јети, ама ај, да информираме, чисто ларпурлартистички. Не пример, дека вакцина со ефикасност од 95% не значи дека 5 од 100 вакцинирани луѓе ќе се заразат.

Кучешка рецензија

Поучна епизода за еден добар човек и една гладна улична џукела. Човекот решава на кучето да му даде тазе чикен нагетс, веројатно штотуку купени од некој дуќан за брза храна. Иако со разбирлива недоверба, кучето приоѓа, ја помирисува храната....

Одјеби е половина здравје

Една прекрасна госпоѓа дава совети за битни теми, од она дека треба да се биде позитивен и како тоа ни се удри од глава, па за болестите како и за стравот од смртта и како тој да се надмине. Кратко, јасно и јебитачно.

Минаре со директен пренос

Кога оџата ќе заспие со вклучен микрофон а луѓе ќе помислат дека Годзила го нападнала градот. Како го заструга, по халал. Алал.

Рерна на денот

Во земјата дупка, во дупката тиква, во тиквата јагнешко.

Рамбо и Порфириј

Убав, питом муабет меѓу двајца луѓе кои доаѓаат од навидум различни краеви на вселената. Владиката кој стана поглавар на СПЦ и Рамбо кој секогаш беше Амадеус.

Иновации кои не заживеаја

Некои изуми не заживеле затоа што биле глупи, некои затоа што биле добри ама глупо време дошло. Како што знаеме од домашен терен, најсигурен начин една иновација да не пропадне е да ја дадеш бесплатно ама софтверот кој е изграден за неа, после да го откупиш со државни пари.

13 минути Филаделфија

Изгледа како апокалиптична сцена од некој филм со зомбија но се работи за авенијата Кенсингтон во Филаделфија, место каде што лутаат изгубени души, тешки зависници, заборавени луѓе со сериозни ментални проблеми... Политичката класа на градот не се занимава со ова. Тоа е просто, така. А пазете, Кенсингтон е тек трето маало по стапка на криминал. Значи имаат две полоши од ова.   

Полиглот на поинаков начин

Дечкото вика дека е Чех ама во неговиот изговор ќе наидете на маџарски, индијски, фински, латвијски и какви сè не други нијанси. Небитно за што е видеото, просто уживајте во таа разиграна дикција и ЛЕД поетика.

Не сме ние наивни

Намачкајте едно лепче со паштета, турете од онаа домашната ракија која е одлична „за тие пари“ па да си кажеме нешто.

Кај што Брисел оди пеш

И така, јас наполнив петнаесет години без да имам какво било лично искуство со славната европска раса којашто во мојата детска глава веќе беше добила гуливеровски димензии… И би така, сè до оној ден кога мајка ми ритуално нè собра во трпезарија и со растреперен глас свечено ни најави: “На гости ни доаѓа Европа!”.

Корисен водич за алкохол

Роуан Аткинсон помага да запамтите колку пијачки алкохол се таман неделно. 21 за мажи и 14 за жени. 14 е на пример, колку бројот на прстите на човек со три раце кој изгубил еден прст во трагичен инцидент,.